Free songs
Home / Болести и лечење / Болести кои не покажуваат првите симптоми, а може да бидат смртоносни

Болести кои не покажуваат првите симптоми, а може да бидат смртоносни

Некои болести се очигледни, но некои состојби се развиваат полека, па луѓето обично не ги забележуваат болестите додека не е предоцна. Поради тоа, важно е редовно да одите на прегледи и да го известите докторот за најмалите промени кои ги забележувате или чувствувате.

Обрнете внимание на:

pill-apceНиско ниво на витаминот Д

Ако подолго време нивото ви е под 30ng/ml тоа може да придонесе за развој на срцеви заболувања, дијабетес, некои видови рак и мултиплекс склероза.

Зголемете го нивото со тоа што почесто ќе излегувате на сонце и со орално внесување на витамини.

Хипотиреоза

Штитната жлезда го регулира метаболизмот и има клучна улога. Кај недоволно активните штитни жлезди не се произведува доволно хормонот TSH и телото не функционира исправно. Симптомите на хипотиреозата како што се заморот и студенилото лесно се занемаруваат бидејќи се суптилни и може да се појават постапно. Забавената работа на штитната жлезда може да доведе до здебелување, болести со срцето, висок холестерол, неплодност, депресија и оштетување на нервите.

Дијабетeс тип 2

Ако вашето тело не произведува доволно инсулин кој ја разредува глукозата, се развива дијабетис. Тоа често се појавува бидејќи произведувањето на инсулин се забавува. Може и со години да имате дијабетес, а тоа да не го знаете. Дијабетесот ги оштетува очите, срцето, бубрезите и нервните завршетоци.

Покачен крвен притисок / хипертензија

Поради стареењето и прекумерната телесна тежина притисокот на крвта во артериите може да стане преголем.

Висок холестерол

Без разлика дали е заради лошата исхрана или е наследна генетика, покачувањето на нивото на холестеролот во крвта може да ги затвори артериите, што доведува до лош проток на крвта во виталните органи, како срцето и мозокот. Во најлош случај тоа може да доведе до срцев или мозочен удар. Но, зголемениот холестерол не може да се почувствува. Затоа е најдобро редовно да одите на рутински испитувања на крвта и да ги слушате советите и препораките на докторот.

Фибромиалгија

Тоа е хронична состојба или болен синдром кој се карактеризира со болки во мускулите, лигаментите и тетивите, проследени со замор. Карактеристични се и одредени точки на телото кои реагираат на допир. Некои луѓе имаат и проблеми со спиењето, чувствителни се на светло и звук или имаат иритација на цревата. Не постои тест за фибромиаглија, па лекарите ја дијагностицираат по пат на елиминација на други болести. Не е опасна по живот, но укажува на некои ревматски болести.

Анемија

Како што се намалува бројот на крвни зрнца се јавуваат суптилни симптоми како замор. Со оглед на тоа што црвените крвни клетки пренесуваат кислород, овој недостаток може да оштети некои органи и да го зголеми ризикот од срцев удар. Известете го докторот доколку често чувствувате замор, особено жените ако имаат обилна менструација или цревно пореметување.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top