Free songs
Home / бабини рецепти / Бабини рецепти за слабеење

Бабини рецепти за слабеење

Во чаша вода ставете една лажичка мед и исцедете парче лимон. Се добро измешајте и испијте полека во мали голтки. Оваа напивка ќе направи следниот оброк да го одложите за цел час.

slaba– “Парпл реин” – две главички цвекло со средна величина, 2 моркова, 3 јаболка, 1 излупен лимон, ѓумбиров корен со должина од 5 см. Да се исцеди сок и веднаш да се испие.

– Сок “Александра” – една краставица, едно големо зелено јаболко, 200 г целер, еден врзоп магдонос, еден зелен лимон. С` заедно да се исцеди и добро да се промеша.

– Сок “Искушение” – шест кајсии и 2 чаши исечени парчиња диња да се исцедат, да се додаде половина чаша сок од портокал, 6 коцки мраз и веднаш да се испие.

– “Супер екстракт” – 1 чаша коцки од свеж ананас, 1 чаша исечкани коцки јаболко, 2 моркова, 1 излупен портокал, 2 стебленца целер, една излупена лимета. Во исцедениот сок да се додадат и неколку коцки мраз.

– “Витамински пунч” – 2 жолти пиперки без семки, 2 круши, 2 јаболка, 3 излупени портокали, половина грејпфрут. Да се исцедат и да се пие веднаш

– Коктел “Роберт де Ниро” – од 500 г црно грозје, 500 г бело грозје, 400 г салата ајсберг и 200 г зелена салата да се исцеди бистар сок, од кој ќе ги отстраните семките од грозјето. Содржи многу железо и магнезиум. Добар е за слабеење и за подмладување

– “Енергетски пијалак” – 2 чаши исечкани моркови, половина чаша исечкана краставица, едно јаболко, еден домат, една излупена лимета, 12 листа спанаќ, една чаша исечкани стебленца целер, две лажици мед. Да се исцеди сок и да му се додаде медот. Може и неколку коцки мраз.

Со диета со свежи сокови за една недела се губи до 5 килограми. Дневно се препорачуваат 1,5 до 2 литра сок. Покрај нив, потребно е да се испијат исто толку литри вода

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top