Free songs
Home / природен лек / Бабини – кинески лекови против астма

Бабини – кинески лекови против астма

Традиционалните кинески хербални лекови помогнале во решавање на секојдневните симптоми на астма, кај речиси 200 луѓе кои биле дел од новото истражување, соопштија  јапонски истражувачи.

herbs-and-mortar_thumb_medium490_0Експертите велат дека првичните наоди се фасцинантни, но и дека е потребно понатамошно истражување, пред билките да бидат препорачани за користење.

Бројот на луѓе со астма во светот постојно се зголемува. Не постои сигурен лек, но повеќето луѓе можат да ги контролираат нивните симптоми и да ги спречат нападите на астма, преку правилно користење на пропишани лекови.

– Има многу простор за подобрување, случајно открив дека кампо билките можат да ги елиминираат симптомите на алергија, додека тестирав антички лек против алергиски кожни нарушување, познат како атопичен дерматитис – изјавил главниот истражувач на овој проект Јоситеру Шимоиде.

Неговиот тим  проучувал 278 луѓе со астма кои секојдневно страдаат од симптоми на оваа болеста. Од нив, 52 биле подложени на стандарден третман, а 226 биле третирани со кампо билки.

Симптомите потполно исчезнале во 94% од пациентите кои користеле кемпо билки. Спротивно на нив, околу три-четвртини од оние кои земале стандарди лекови за астма, сè уште имале отежнато дишење и други симптоми.

Студијата не ги анализирала несаканите ефекти од кампо билките.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top