Free songs
Home / природен лек / Аронија – природен лек за циркулација, штитна жлезда, слабокрвност – полна витамини

Аронија – природен лек за циркулација, штитна жлезда, слабокрвност – полна витамини

Плодовите на црната аронија се вистинска витаминска бомба, а птиците ги јадат уште кога тие имаат црвена боја. Можеби тоа е затоа што плодовите тогаш се повидливи отколку подоцна кога ќе поцрнат. Изненадени од лековитоста на бобинките, научниците спроведоа многу истражувања и резултатот секогаш беше ист: аронијата е вистински дар од природата и борец против многу сериозни заболувања.

Како се употребува

aroniaБобинките имаат специфичен остар вкус, па на многумина можеби нема да им се допаднат, но земајќи ја предвид нивната лековитост, вкусот и не е толку важен.

Лековити својства на аронијата

Аронијата ја подобрува циркулацијата во организмот, а со тоа ја подобрува снабденоста со крв на виталните ткива и органи. Ја подобрува прокрвеноста на мозокот, па затоа помага при главоболка и мигрена. Аронијата ја прочистува крвта, го намалува крвниот притисок, нивото на шеќерот во крвта, помага при атеросклероза и воспаление на вените.

Аронијата ја подобрува функцијата на ендокрините жлезди и го регулира излачувањето на хормоните. Особено е добра за штитната жлезда, бидејќи ја подобрува нејзината функција и го регулира излачувањето на нејзините хормони, што помага при болестите на штитната жлезда и гушавоста (струма).

Аронијата може да се користи и како храна, и како лек за:

  • подобрување на циркулацијата;
  • ја прочистува крвта;
  • ја ублажува главоболката и мигрената;
  • го намалува крвниот притисок;
  • поволно делува на желудникот и цревата;
  • ја спречува дијареата;
  • го зајакнува имунитетот;
  • служи како детоксикант на организмот;
  • правилен развој и функција на црниот дроб;
  • ја регулира работата на штитната жлезда;
  • го намалува шеќерот во крвта;
  • ја регулира работата на панкреасот;
  • помага за заштита на кожата од стареење и УВ зраци;
  • помага за побрзо зараснување на раните;
  • помага при атеросклероза и воспалени вени;
  • чир на желудник;
  • грчеви во стомакот.

Како се употребува

aronijaБобинките имаат специфичен остар вкус, па на многумина можеби нема да им се допаднат, но земајќи ја предвид нивната лековитост, вкусот и не е толку важен.

Може да се користат свежи, во чаеви, во житарици, како додаток во кремови за палачинки, слатки пити, како сок или да се приготват како џем.
Се користат и суви, а и замрзнати плодови.

Аронијата е растение кое не бара посебна грижа, па многумина веќе го одгледуваат во дворовите. Оние кои немаат такви услови, лесно ќе најдат аронија во поголемите маркети и на пазарите.

 

 

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top