Home / алтернативна медицина / Алги – морски зеленчук што лекува и храни на копно

Алги – морски зеленчук што лекува и храни на копно

Алгите се подводни билки, морски треви, кои многумина ги нарекуваат морски зеленчук. Сите што ги пробале се согласуваат дека имаат единствен вкус. Вку-сот на некои алги е благ, на други е поизразен и појак, но на сите им е заеднич-ко дека се “умами”, што на јапонски значи вкусни.

Исклучително се корисни и здрави за организмот бидејќи се богат извор на хранливи и на лековити состојки. Обилуваат со витамини, минерали, белкови-ни, протеини, прехранбени влакна, аминокиселини и со други вредни нутрити-енти.

Околу 20 вида

algiПознати се околу 20 илјади видови алги, од кои голем број се користат во ис-храната, лекувањето и во козметиката.

Се делат на макро и микроалги. Микроалгите уште се нарекуваат спој на бакте-рии и билки. Староста им се проценува на околу 3,5 милијарди години. Тие се, всушност, зелениот талог во домашниот аквариум со рипки или зелените нас-лојки во базенот во дворот. Макроалгите се треви што растат во големите дла-бочини на океанот, но и на водни површини. Растат прилично брзо, а можат да израснат и до 100 метри во должина.

Алгите може да бидат зелени, сини, црвени и кафеави. Зелените, црвените и ка-феавите се микроаги, а сините припаѓаат на групата микроалги. Најпознати и најценети алги се спирулина, хлорела, афа, келп, нори, вакаме, комбу и др.

Богат извор на нутритиенти

Сите нутриционисти без дилеми се согласуваат дека алгите се меѓу нутритивно најбогатите билки. Тие се извор на многу важни витамини, минерали и други вредни состојки. Во еден грам алги има хранливи состојки колку што има во килограм овошје или зеленчук. Освен што се богати со витамини и со минера-ли, алгите имаат и висок процент влакна. Дури 75 отсто од вкупната маса на ал-гите се прехранбени влакна.

Лековити својства

Алгите содржат завидни количества од речиси сите минерали: калциум, јод, же-лезо, натриум, магнезиум, фосфор, калиум, а богати се и со јаглеродни хидрати, протеини и со белковини. Обилуваат со витамините Ц, А, Б1, Б12, Е. Содржат омега-3 и омега-6 масни киселини за кои е познато дека имаат исклучително позитивно влијание врз човековото здравје.

Од медицинска гледна точка алгите се многу корисни за превенција и за спре-чување повеќе тегоби.

– Успешно го регулираат метаболизмот поради исклучително високата концен-трација на јод во некои алги, кој дејствува позитивно врз штитната жлезда, од-говорна за регулирање на метаболизмот.

– Поттикнуваат детоксикација на организмот: богати се со хлорофил кој е јак природен детоксикатор.

– Ја прочистуваат крвта: хемискиот состав на алгите е толку сличен на човечка-та крвна плазма што тие мошне успешно помагаат во прочистување на крвта.

– Одлично дејствуваат на коскената срцевина: некои алги содржат големо коли-чество калциум, што ги прави непроценлива состојка за квалитетот и за здравје-то на коските.

– Одлични се за намалување на тежината: поради големиот удел на прехранбе-ни влакна и хранливи состојки, заедно со ниската калорична вредност, алгите се идеални за слабеење.

– Успешни се во превенција на кардиоваскуларните болести: некои алги содр-жат висока концентрација на магнезиум, кој докажано го симнува високиот кр-вен притисок и спречува појава на срцев удар.

Освен овие лековити својства на алгите, тие имаат благотворно влијание и врз здравјето:

– Помагаат во борбата против дијабетес;

– Дејствуваат антибактериски;

– Го јакнат имунитетот;

– Помагаат во превенција од ракот;

– Штитат од вирусни инфекции;

– Ги ублажуваат ПМС-симптомите;

– Ја зголемуваат плодноста;

– Ги зголемуваат издржливоста и снагата на организмот;

Најпознати и најценети алги

Хлорелата (Chlorella pyrenoidosa) е слатководна зелена микроалга, која содржи многу висока концентрација на хлорофил. Богата е со протеини, бета-каротин, витамини (Ц, Е и Б-комплекс), минерали (железо, магнезиум, калиум, цинк), ензими и голем број аминокиселини. Хлорелата помага во детоксикација на ор-ганизмот, го јакне имунолошкиот состав и е успешна во регулирањето на крв-ниот притисок и на шеќерот.

Спирулината е модрозелена слатководна алга со спирален облик, по кој и го добила името. Оваа алга е богата со витамини (А, Ц, Д, Е и Б), со минерали и со влакна. Значајна е како исклучителен извор на бета-каротин, протеини и мине-рали (железо, калиум, калциум, магнезиум, натриум, фосфор, цинк и селен). Го јакне имунитетот, го штити организмот од штетни состојки, го регулира варе-њето на храната, помага во смалувањето на прекумерната телесна тежина, го смалува ризикот од рак. Оваа алга ги заштитува и нервниот состав, мозокот и очите благодарение на силниот антиоксиданс – зеаксантин. Има противвоспа-лителни и антиалергиски својства, помага при стрес и депресија и ги ублажува симптомите на ПМС.

Алфа-алгата е позната и како кламатска алга и е единствена по својот состав и по степенот на апсорпција во организмот, кој изнесува речиси 100 отсто. Расте во водата на Кламатското Езеро, која доаѓа од геотермални и од вулкански из-вори. Поради тоа, содржи цел спектар минерали во келатен облик (тој што овоз-можува најголеми искористливост и апсорпција во организмот). Необично е бо-гата со ензими, белковини, хлорофил, антиоксиданси и со витамини. Се смета и како најпознат извор на железо во органски облик, кој лесно се апсорбира во организмот. Штити од радијација, има благотворно дејство врз нервниот состав и врз мозокот. Ги подобрува паметењето, креативноста и концентрацијата.

Келпот е кафеава алга, позната по густото лисје и по брзиот раст. Во 24 часа може да порасне дури до 60 см. Се користи во исхраната, во козметиката и како лек. Содржи многу важни состојки, витамини (А, Б1, Б2, Ц, Д, Е) и минерали (калциум, фосфор, железо, натриум, калиум и магнезиум). Богата е со растител-ни влакна кои го подобруваат метаболизмот. Келпот има и антиканцерогени својства, го штити организмот од штетни состојки и позитивно дејствува врз имунолошкиот состав. Оваа алга е позната и по антивирусното и антибактери-ско дејствување, ги смалува крвниот притисок и холестеролот, а го намалува и нивото на шеќер во крвта. Богата е со јод, што ја прави одличен стимулатор на метаболизмот. Помага и кај артритис и ги лекува стресот и нервозата.

Вакаме е многу ценета кафеава алга со благ вкус, расте длабоко во морето, а особено е популарна во кујните на источните народи. Претставува одличен из-вор на витамини А,Ц, Е, К, Д и на минерали (калциум, железо, магнезиум, ба-кар и манган). Позната е по своите антибактериски својства, помага во спушта-ње на високиот крвен притисок, ги ублажува срцевите тегоби, го освежува и го закрепнува организмот. Како и поголемиот дел кафеави алги, вакаме помага во слабеењето благодарение на пигментот фукоксантин, кој ја стимулира потро-шувачката на мастите и така дејствува врз намалувањето на телесната тежина.

Комбу (Laminaria japonica) е кафена алга која расте во студените морски длабо-чини. Во совршени услови оваа алга може да порасне и до 10 метри. Има струк-тура на лента и благ вкус. Исклучително е популарна и честа во јапонските куј-ни, а особено се користи како подлога за разни видови супи. Богата е со вита-мини, особено со витамините Ц, К, Е и Б12, како и со многу минерали, од кои најзначаен е јодот поради кој оваа алга благотворно дејствува на штитната жлезда. Алгата комбу го подобрува варењето, позитивно дејствува врз нервни-от состав и врз функциите на мозокот. Ги јакне крвните жили, го снижува висо-киот крвен притисок, ја подобрува работата на жолчката и на штитната жлезда, а заслужна е и за убава и блескава кожа.

Антиканцерогени својства

Антиканцерогеното дејствување на алгите е добро познато во многу култури, но с` уште не е научно објаснето. Традиционалната кинеска медицина ја корис-ти кафеавата алга ламинарија за лекување рак. Ајурведските древни текстови препорачуваат користење на алгите за лекување тумор. Во еберскиот папирус, пак, се спомнува дека древните Египќани користеле алги за лекување на тумо-рот на дојката.

Првите истражувања на лековитите својства на алгите се спроведени во 1960 година. Според извештајот претставен во 1966 година, 68 отсто од пациентите со рак покажале значајно подобрување по инјекциите со алги. Пациентите исто така манифестирале добра подносливост на хемотерапијата, им се поправил апетитот, а косата почнала нормално да им расте. Се претпоставува дека токму фукоиданот – комплексниот полисахарид, кој го содржат алгите комбу и вака-ме, предизвикува апоптоза или самоуништување на ќелиите на ракот.

Тоа го потврди и истражувањето извршено во Јапонија во текот на кое фукои-данот, лабораториски применет директно врз ќелиите на ракот, предизвикал нивно уништување за 72 часа.

Алгите во кулинарството

Најмногу се користат во кујните на азиските земји, особено во Кина и во Јапо-нија. Се консумираат како самостојни јадења, како додатоци на супи, варила, салати и како зачини. За исхрана најмногу се користат алгите: вакаме, келп, араме, нори, комбу. Гастрономските истражувања потврдија дека во јапонското и во кинеското кулинарство се користат повеќе од 20 вида алги.

Вакаме се користи во приготвување супи.

Келп е одличен додаток на супи и на варила.

Араме се користи како додаток на салати, на варен зеленчук и повторно во су-пи.

Алгата нори е позната по подготовката на суши.

Бидејќи комбу го поттикнува метаболизмот, се користи како додаток на потеш-ките јадења поради нивна полесна сварливост, а се користи и како чај.

Како додаток на исхраната алгите се с` побарани на пазарот зашто се препознае-ни како здравствено корисно надополнување на секојдневната исхрана.

dnevnik.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top