Free songs
Home / аларм / Ако одненадеш ви паѓа косата – одете на кардиолог

Ако одненадеш ви паѓа косата – одете на кардиолог

Според најновото јапонско истражување, оние кои имаат проблем со опаѓањето на нивната коса, најверојатно имаат проблеми и со срцето.

298x232_LB_hair_losing_STВо истражувањето учествувале дури 37.000 испитаници кај кои 32 проценти ќелави мажи се покажало дека постои голема веројатност да страдаат од коронарни болести на срцето.

Истражувањето траело неколку години и секако во предвид се земени возраста, но и историјата на болеста во семејството.

“Дојдовме до заклучок дека постои врска помеѓу губењето на косата и срцевите заболувања. Секако, мораме да истакнеме дека голема улога играат пушењето, дебелината, високиот холестерол и крвниот притисок, кои многу повеќе од ќелавоста предизвикуваат срцеви заболувања”, изјавил Томохиде Јамада.

Тој, исто така, ги предупредува младите мажи кои започнале да ја губат својата коса, да посетат кардиолог и да поработат на својот животен стил, да ги сменат животните навики и да се осврнат кон здравиот живот. Се додава, дека мажите не треба да паднат во паника поради резултатите од ова истражување. Потребни се уште дополнителни истражувања за со сигурност да се потврди врската.

Точка.ком.мк

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top