Free songs
Home / Болести и лечење / Ако ги имате овие знаци – Телото ви е преполни со отрови

Ако ги имате овие знаци – Телото ви е преполни со отрови

Колку често се будите уморни и без енергија за секјдневните задачи кои од вас се очекуваат?

Колку често се будите уморни и без енергија за секјдневните задачи кои од вас се очекуваат? Адитивите во намирниците, препаратите за чистење во домаќинството, инсектицидите и хербицидите – се’ се тоа отрови кои телото ги поднесува поради малите количини на кои секојдневно сме изложени.
Меѓутоа, долгорочното делување може да има поинакви ефекти.

jazik toksini teloСИМПТОМИ ОД ТОКСИНИТЕ

Честопати, ситните болки како што се главоболката, тромавоста и чувствителноста на мириси не ги сфаќаме сериозно, но токму поради нив, дневните обврски не успеваме да ги завршиме ефикасно.

За да се ослободиме од нив, причината за овие непријатни појави можеме да ја побараме во вишокот токсини кои континуирано ги внесуваме.

Прочитајте ги следните седум знаци кои не’ предупредуваат за токсините во организмот и научете како да ги отстранете.

ХРОНИЧЕН УМОР

Иако добро сте се наспале, се обидувате некако да го истуркате денот. Ова може да биде знак дека вашето тело се обидува да ги исфрли сите токсини кои сте ги внеле. Како да го решите овој проблем?

Ако одговорот на вашето прашање е: повеќе кафе или слатки – сте тргнале на лош пат. Кофеинот и шеќерот само ќе го зголемат вашиот проблем бидејќи со тоа дополнително ќе ги оптеретите и загушите метаболичките процеси во телото.

ПРОБЛЕМИ СО КИЛОГРАМИТЕ

Не е лесно да се намали вишокот на килограми, но ако и покрај секојдневното вежбање и внимателно одбраните намирници, килажата и натаму ви е прекумерна, проблемот можеби лежи во хормонскиот дисбаланс.

Врската со токсините секогаш не е очигледна, но фактот е дека прекумерната количина од токсини со кои се бори телото, може да ја поремети работата на жлездите. Потребен ви е комплетен детокс на телото за да ја повратите природната рамнотежа на хормоните.

los-zdivЛОШ ЗДИВ

Користите гуми за џвакање, внимавате на оралната хигиена, но проблемот со лошиот здив и понатаму останува. Лошиот мирис од устата најчесто е предизвикан од лоша дигестија, но може да биде знак и дека имате премногу токсини во телото.

ОПСТИПАЦИЈА

Нашите црева секојдневно примаат доста токсини и му помагаат на телото да се избори со нив. Кога имаме проблем со опстипација, сите токсини остануваат во дигестивниот тракт и негативно влијаат врз општото здравје.
Болката во главата и другите делови од телото, уморот и недостигот на енергија се само некои последици од опстипацијата.
Доколку во вашата храна има премногу хемикалии и пестициди, токсините се неизбежни, а со самото тоа и дополнителните проблеми поради нередовното празнење на цревата.

ЧУВСТВИТЕЛНОСТ НА МИРИСИ

Силната реакција на мириси, особено на парфеми, едноставно значи дека не ви одговараат оние што ги користите. Меѓутоа, ако станете пречувствителни на сите помалку посилни мириси, не е проблемот во парфемот туку во токсините кои се таложат во телото.
Доколку почувствувате и главоболка штом осетите некој посилен мирис, речиси е сигурно дека токсините се причина за вашиот проблем.

fi-prosirene-vene-grcevi-u-nogama-simptomi-02-300x180БОЛКИ ВО МУСКУЛИТЕ

Ако не можете да ги повторите вежбите кои сте ги правеле до вчера, повторно размислете дали причината треба да ја побарате во токсините. Ова особено се однесува ако болките во мускулите кои се јавуваат иако не сте направиле некој посебен напор.

ПРОМЕНА НА КОЖАТА

Акни, митесери и останати проблеми кои се јавуваат на кожата се знак дека организмот е преполн со штетни материи. Акните може да се појават поради препаратите кои ги нанесуваме, додека екцеми и псоријаза покажуваат дека организмот тешко се бори со токсините.

ДОКОЛКУ ИМАТЕ БИЛО КОЈ ОД ОВИЕ СИМПТОМИ, ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СЛЕДНИТЕ ЧЕКОРИ КОИ БИ МОЖЕЛЕ ДА ВИ ПОМОГНАТ.

1.Чај од глуварче, магдонос, коријандер, кантарион, коприва.

2.Пијте многу вода – тоа ќе помогне во исфрлањето на токсините од телото.

3.Вежбајте барем 30 минути дневно. Вежбањето ја поттикнува циркулацијата и исфрлањето на токсините од телото.

4.Потрудете се во исхраната да внесете повеќе пробиотици, што значи: јогурт, кефир, комбуха чај, мисо супа.

5.Секогаш чистете го јазикот кога ги миете забите.

6.Вежбајте длабоко дишење – внесуваме секојдневно доста токсини низ белите дробови.

7.Користете само природни производи за кожа кои во себе не содржат мириси, сулфати, парабени и други токсични состојки.

8.Органската храна е најздрава, затоа јадете таква секогаш кога имате можност за тоа.

Реортер.мк

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top