Home / аларм / 7 работи кои ќе ви се случат доколку почнете да џогирате

7 работи кои ќе ви се случат доколку почнете да џогирате

Ќе се чувствувате подобро

Без оглед на сите проблеми кои ве мачат и сè што сте сакале да постигнете тој ден, доколку сте вежбале сигурно ќе се чувствувате порасположени. Организмот ќе ви биде благодарен.

noze trcanje bosЌе ви се подобри самодовербата

Како што килограмите ќе тргнат надоле, вашата самодоверба ќе тргне нагоре. Тоа што многумина не го знаат е дека топењето на мастите почнува дури после тренингот, а колку повеќе тренирате, слабеењето е побрзо.

Ќе добиете природен сјај

Вашето тело ќе биде во совршена форма благодарение на трчањето. Ќе ви се поправи и држењето на телото, а потта ќе ги поттикне и природните масла во вашата кожа поради кои таа ќе изгледа помлада и поздрава.

Ќе ги зајакнете колената

Многумина мислат дека џогингот ги оштетува колената, но не е така. Трчањето ја зголемува коскената маса и ги јакне мускулите на нозете.

Ќе го зајакнете срцето

Ќе ви се намали и лошиот холестерол, а ќе се зголеми добриот. Срцето ќе почне да ви работи подобро, а ќе се намали притисокот.

Ќе ви се подобри сонот

Истражувањето спроведено помеѓу луѓе кои страдаат од несоница покажало дека оние кои трчале успеале да потонат во сон после 17 минути, додека на оние кои не трчаат им биле потребни дури 38 минути.

Ќе ви се подобри буџетот

Кога ќе ги видите резултатите од овој бесплатен спорт, ќе престанете да купувате препарати за диета, да одите на разни третмани за слабеење или да плаќате членарина за теретана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top