Free songs
Home / алтернативна медицина / 7 пози за истегнување против стрес

7 пози за истегнување против стрес

Цвеќето во саксијата ви се исушило, клучевите ги заборавивте на работа, повторно не најдовте паркинг, потпетиците ви направија рани, ви се скина копчето од кошулата, шефицата има ПМС, шефот нема редовен секс… Сето ова може да биде вашата причина за стрес!

Еве како да ги релаксирате мускулите, да го забрзате протокот на крв и да се ослободите од тензијата. Овие 7 јога пози ќе ви дадат брзи ефекти.

ДЕТСКА ПОЗА

Ова е лесна поза за истегнување која ќе ве ослободи од стресот. Со вакво лежење на подот колковите ќе ви се размрдаат, а тетивите ќе ви се истегнат.

Секогаш ќе имате чувство на задоволство после олабавувањето на мускулите, а и ќе го смирите здивот.

sws1

ПОЗА ПИНГВИН

Ова е јога поза специјално дизајнирана да ги отвори колковите. Седењето вака ќе ви го истегне грбот, нозете и колковите. Со релаксирањето на долниот дел од телото ќе се ослободите од стресот и болката.

За понатамошно истегнување навалувајте го горниот дел од телото назад врз свитканата нога.

sws2

ПОЗА МАЧКА/КРАВА

Тегнењето на грбот е одличен начин за збогување со стресот. Оваа јога поза ги вклучува и рамениците и задникот.

Виткајте го грбот нагоре како мачка, па надолу како крава кога пасе. Правете го ова бавно во текот на 10 здива.

sws3

ПОЗА КОБРА

Откако ќе легнете на земја кренете го само грбот нагоре. Веднаш ќе почувствувате како тензијата е извлечена од вашето тело.

Ова ќе ве натера да дишете полека со што ќе се намали анксиозноста. Позата кобра е одлична релаксација после работниот ден.

sws4

ТВИСТ СЕДЕЊЕ

Стресот може да влијае на дигестијата преку вашиот нервен систем, па кога сте нервозни често чувствувате мачнини во стомакот и подуеност.

Со оваа поза ќе го забавите дишењето и го направите детоксификација на дигестивните органи. Таа им врши масажа и го стимулира протокот на крв во нив и вие се ослободувате од стресот во стомакот.

Покрај регулирање на состојбата во стомакот, твист седењето ќе ви го истегне и грбот.

Young woman exercising yoga

СВИТКАНА НАНАПРЕД

Кога ви е потребно алтернативно решение за проблемите, буквално превртете се со главата надолу. Со превиткувањето нанапред вашата крв и лимфа ќе започнат да течат со сосема обратна насока од нормалното. Стимулираниот подобар проток ќе ви донесе ефект на бистрина во мозокот.

Правете го ова 2 минути за целосен ефект, а за дополнително истегнување ставете ги рацете позади грбот.

sws6

НОЗЕ НА ЅИД

На крајот од секое истегнување или вежбање направете ја оваа фантастична поза за ослободување од стресот. Лежете вака 10-20 минути, а притоа слободно проверувајте мејл на телефонот или читајте книга.

Тензијата од нозете бргу ќе исчезне, а ќе ви помогне и за главоболката и лошата дигестија. Уште веднаш легнете на подот и потпрете ги нозете на ѕидот!

sws7

Извор – notformen.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top