Free songs
Home / природен лек / 6 начини да му олесните на бебето кога има тврда столица

6 начини да му олесните на бебето кога има тврда столица

Храна богата со растителни влакна – Тврдата столица често се јавува кога бебето ќе почне да консумира тврда храна, особено ако исхраната вклучува состојки кои имаат малку растинелни влакна како оризови снегулки, банани, сирење и варени моркови. Наместо оризиви снегулки, користете житарки кои содржат повеќе влакна.

bebe temperПроменете ја формулата – понекогаш формулата за дохрана може да биде решението. Обидете се со формула која е наменета за чувствителен стомак.

Сок од сливи – Сливите се природен лаксатив, сепак бидете претпазливи и давајте му го на бебето само во мали дози, не повеќе од 30 мл на ден. Сокот од круши, кајсии и праски може да има слично дејство.

Повеќе вода – дехидрацијата е честа причина за запек. Често бебињата кои се хранат со формула го имаат овој проблем, а решението може да биде почесто пиење вода.

Масажа и вежби – нежно масирајте го бебето на стомачето а со ножињата вежбајте движења кои имитираат „возење велосипед“.

Ректална стимулација – Во некои случаи педијатрите препорачуваат ректална стимулација, односно нанесување на малку вазелин на врвот на термометарот и нежно мрдање на врвот во ректумот. Звучи чудно но помага. Сепак, консултирајте се со педијатар пред да се одлучите за оваа опција.

ladybook.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top