Free songs
Home / бабини рецепти / 12 начини да се ослободите од гасот и подуеноста

12 начини да се ослободите од гасот и подуеноста

Овој текст е за нешто за што ретко кој отворено зборува- гас, надуеност, ветер, прдење, пувешка, како сакате речете го секој од овие зборови се однесуваат на истата непријатна ситуација која секогаш се појавува во најлошото време, во тивка соба полна со луѓе или во преполн лифт. Обично, безопасните, цревни гасови може да бидат непријатни во повеќе погледи, но ако станува збор за болест има неколку начини за таа да се излекува, а обично спасот е во едноставните природни лекови.

Чај од нане

bloatingНането е одлична билка за смирување на раздразнетиот стомак и го олеснува исфрлувањето на гасот. Неговото масло содржи ментол, кој има антиспасмичен ефект на мазните мускули на дигестивниот пат. Тој исто така ги смирува нервите, а со тоа и стомакот кој е чувствствителен на нервоза и стрес. Пијте една чаша чај од нане после вечерата.

1 ќесичка чај од нане , 1 чаша свежо зовриена вода Иако на многумина им се брза и ја вадат кесичќата од врелата вода многу брзо, со тоа се губат и сите здрави состојки кои ги има нането. За да има добар ефект, оставете ја ќесичката со нане во зовриената вода околу 10-15 минути со затворен капак.

Нека излезат гасовите Ако имате гасови, не се обидувајте да ги држите внатре затоа што ем не е добро, ем не е здраво. Воздухот мора да излезе некој начин, а со воздржување само ќе ја влошите состојбата на цревата.

Ѓумбирот е одличен за стомакот

Без разлика дали ви се гади, имате стомачен вирус или имсте проблеми со варењето, земете ѓумбир во во било каква форма за да му помогне на вашиот вознемирен стомак. Ѓумбирот е способен да направи чудо, бидејќи поседува неколку различни хемиски компоненти кои ги релаксираат цревата и го олеснува воспалението. Коренот на ѓумбирот го спречува формирањето на вишокот на гас во стомакот и помага тој да излезе. 1 свеж ѓумбир, чаша врела вода (како за правење на чај), лимон и мед Постојат неколку начини да се направи чај од ѓумбир, но за гас, се препорачува овој.

Земете жив ѓумбир со средна големина, исчистете го како што се чисти компирот. Исечете го на 4-6 тенки четвртини и ставете ги во голема чаша. Додадете мед или лимон , ако сакате, а потоа додајте ја топлата вода врз парчињата. Водата не треба да е зовриена, тргнете ја водата од рингла пред да зоврие. Покријте го и оставете го 10 минути. Пијте по една чаша пред или после јадење за да му помогнете на телото со варењето на храната. Друг начин да се користи ѓумбирот е да се јаде по една лажичка свежо рендан пред јадење, или да се гризе неговиот корен во текот на денот.

Ким

gasoviСо векови кимот се користи за да му даде на заробениот гас во дигестивниот систем сила за да излезе надвор. Во Англија од средниот век наваму, овој зачин постојано се користи за исфрлање на гасот од телото.

Кога ќе се чувствуваат подуени земете неколку семиња или неколку крекери со ким. Ако страдате од редовна надуеност поради гас, обидете се да јадете по малку ким секое утро додека престанат да се јавуваат гасови.

Пијте чај од камилица

Ако нането не им одговара на вашите црева, камилицата е лекот за вас. Германија е земјата каде што често се користат чајеви како лекови, па поради тоа за камилица велат дека е билка „способна за се”, бидејќи е многу корисна. Делува како анти -воспалителна билка, но и релаксира, а може да помогне за регулирање на гасот и варењето на храната.

Сварете околу 1 чаша вода и прелијте ја кесичката чај. Покријте ја чашата и чекајте 10-15 минути. Додадете малку мед и лимон, но не ставајте млеко бидејќи токму тоа има тенденција за да предизвика гас.

Јадете тиква

stomakГасот е предизвикан од неправилно варење на храната, поради храната со влакна како гравот, па често пати создава проблеми со гасовите. Влакната се тешки да се сварат, па поминуваат низ стомакот како вишок. Кога храна не се распаѓа во тенкото црево, природните бактерии се хранат со неа, а како нус- производ на нивната нагризување тие произведуваат различни гасови , која произведува цела низа на проблеми за нас. Тиквата е корисна затоа што тоа може да ги намали создадени гасовите. Јадете тиква!

Активен јаглен

Активниот јаглен им помогна на голем број на луѓе со нивните гасови, иако нема причина зошто. Се смета дека тоа е така затоа што активниот јаглен е порозен (создаден е како обичен јаглен, но оксидира со топла пареа или воздух и помага да ги развие порите ). Активниот јаглен го има во форма на прав, капсула и таблетки.

Убаво џвакајте ја храната

Гасот се создава од лошо разложена храна. Ако ја џвакате храната убаво, таа ќе се вари побрзо и ќе помине низ вашето тело со леснотија. Тоа значи дека нема да се собира гас во вашите црева.

Пијте топла лимонада

4mel-300x225Чаша топла вода со лимон секое утро помага на повеќе начини. Лимонот помага и при олеснување на гасовите и болката во стомакот. Киселоста на лимонот го стимулира производството на хлороводородна киселина која ја распаѓа храната. Колку повеќе хлороводородна киселина, толку поефикасно се вари храната и има помалку подуеност и гас. Водата го чисти дигестивниот систем и го одржува варењето без проблеми. Оваа мешавина исто така, работи како моќен детоксикант на целото тело, бидејќи лимонот им помага на ензимите на црниот дроб да работат поефикасно.

На празен стомак загрејте една чаша вода, пресечете 3 парчиња свеж лимон и истискајте го сокот во водата. Промешајте го и испијте ја цела чаша. Ако немате свеж лимон, заменете со една лажица сок од лимон.

Ставете ја вашата исхрана во ред

Голем дел од храната која ја јадеме денес, особено во западната култура, прави големи проблеми. Кофеинот, шеќерите, масната пржена храна се предуслов за надуен стомак полн со гасови. Може да се обидете да се ограничите кога станува збор за нездрава храна, но, обидете се да се фокусирате на здравата. Ќе се чувствувате подобро и нема да имате гасови.

Ставете се во форма

Исхраната и вежбањето одат рака под рака, и во комбинација го прават еден од најмоќните лекови за голем број на болести. Вежбањето ќе ви помогне да го исфрлите гас, бидејќи тој често е предизвикан од начинот на живот или од исхраната. Повеќето луѓе имаат надуеност во просек 14 пати на ден, сепак, вежбањето помага во одржувањето на регуларноста.

Јадете семе од анасон

Анасонот има анти-спазматични својства и помага да го релаксира вашиот дигестивен тракт кој има тенденција да реагираат на стрес на непријатни начини.

Релаксацијата исто така, помага при грчеви, а кај бебињата анасоновото семе во вода често пати ги олеснува грчевите и гасовите.

Гасовите се природен дел од животот. Ние живееме во средина која се срами од него и го прави непријатно искуство ако се случи во друштво. Ако испуштате гас тоа значи дека во стомакот се ви работи како што треба, но ако тоа не е нормално и се случува постојано, овие природните лекови може да ви помогнат во одржување на вашиот дигестивен систем.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top