Home / Болести и лечење / Знаци дека сте затруени – Мувла

Знаци дека сте затруени – Мувла

Некои видови мувла спасуваат животи; други одземаат животи. Некои видови мувла го подобруваат вкусот на сирењата и вината; други ја трујат храната. Некои видови растат на трупци, други ги напаѓаат бањите и книгите. Всушност, мувлата е насекаде — додека ја читате оваа реченица можеби веќе ги вдишувате нејзините спори.

stomak bolkaАКО се сомневате дека мувлата ја има насекаде околу нас, само оставете парче леб на отворено, па дури и во фрижидерот. За кратко време на него ќе се создаде обвивка мека како памук — тоа е мувла!

Најсилната канцерогена супстанција (што предизвикува рак) е наречена афлатоксин — отровна материја што ја испушта мувлата. Во една азиска земја, афлатоксинот предизвикува 20.000 смртни случаи годишно. Ова смртоносно соединение се користи во современото биолошко оружје.

Меѓутоа, во секојдневниот живот, симптомите што се јавуваат кога ќе се дојде во допир со вообичаените мувли се повеќе непријатни отколку што предизвикуваат сериозни здравствени проблеми. „Повеќето видови мувла, дури и ако можете да ги намирисате, не се штетни“, стои во UC Berkeley Wellness Letter. Непожелни реакции обично се јавуваат кај оние што имаат некое заболување на белите дробови, како што е астмата; кај лица со алергии, осетливост на хемикалии или со ослабен имунолошки систем; како и кај земјоделци што се изложени на големи количества мувла. Малите деца и постарите лица се исто така поосетливи на мувлата.

Според Калифорниското министерство за здравство во Соединетите Држави, мувлата може да ги предизвика следниве симптоми: ‚Респираторни проблеми, како што е свирење во градите, отежнато и плитко дишење; затнат нос и синуси; иритација на очите (печење, солзење или црвенило); сува кашлица; надразнетост на носот или грлото; кожни осипи или иритации‘.

Идеални места за развој на мувлата се влажни површини, како што се влажни делови на ѕидовите или истурена течност на подот при капењето во бањата. Причина за нејзина појава може да биде и недоволно греење и циркулација на воздух во услови на зголемена влага во просторијата,а тогаш најчесто се појавува во аглите на собата, позади завесите, плакарите, како и на споевите на прозорците. Мувлата на ѕидовите се манифестира во вид на точки со црна, сива или кафена боја.

lifeconnect.info презентира постапка за отстранување на мувла со средство за белење (варикина), како алтернатива на специјалните фунгицидни средства:

thermal-bridge-mould-formationВо распрскувач ставете смеса од вода и средство за белење (на база на хлор), и тоа во соодност 3 дела вода и 1 дел средство за белење. Испрскајте го самото место на мувлата и околу него, и оставете да делува средството најмалку 20 минути. Откога ќе се исуши, повторете ја постапката. Работната површина на крај може да ја измиете со вода и благ детергент (на пример, течност за миење садови). При постапката употребувајте ракавици, стара облека и заштитни очила.

Еве уште еден ефективен начин . Се што ви треба е :

-масло од чајно дрво

-отворен прозорец

-сунѓер, крпа и пешкир

– четка за заби и

-четка за рибање

Првиот чекор е да се обезбеди услови за постојано струење на воздухот или од вентилатор или уште подобро од малку подотворен прозорец. Ова е многу важно за да се спречи развојот на мувлата.

Се меша две лажици масло од чајно дрво и две чаши вода и потоа се става во шише ( прскалка). Се распрскува на површината со мувла и се остава да стои еден час. Потоа се риба со четката а четката за заби ќе ви помогне да ги изрибате оние фини и недостапни места. Потоа се брише најпрво со сунѓер,потоа со крпа и на крајот со пешкир. ( не се плакне ѕидот  само се брише со суво) Чајното дрво има антибактериско и антигабично дејство и ќе го спречи размножувањето на мувлата.

Доколку не успеете да најдете масло од чајно дрво тогаш можете оваа постапка да ја направите со алкохолен оцет нааместо чајното дрво.

Промени во расположението

Стресот е лепило за токсини кои го ослабуваат организмот и предизвикуваат снижување на енергијата заради што се појавува нервоза, лутина, љубомора…

Совет: Научете да се релаксирате – ова е најдостапниот и најефикасниот лек против стресот.
2. Подуеност

Брзиот дневен ритам нè тера да посегнеме по нездрава исхрана, заради која ни се таложат шеќери и масти кои во комбинација со стресот го забавуваат метаболизмот и предизвикуваат подуеност.

Совет: Во прехраната внесете што е можно повеќе состојки кои ги елиминираат токсините од телото како јаболков оцет, лимон, свежо овошје и зеленчук, чај од коприва и бреза…
3. Ниска концентрација

Тивок показател дека телото е затруено со токсини е лошата концентрација.

Совет: Телото е како компјутер на кој од време навреме му треба „restart“. Научете ги симптомите кои укажуваат дека е време малку да одморите за да ви се вратат енергијата, концентрацијата и мотивацијата.
4. Знаци на кожата

Испукани капилари, масна кожа, сува кожа… Сите овие знаци на кожата се последици од токсините кои спречуваат корисните материи да ја потхранат кожата и да ја направат здрава и еластична.

Совет: Физичка активност, пилинг и масажи – ако се дел од вашата секојдневна рутина можете да се ослободите од токсините, а кожата повторно да биде здрава.
5. Потреба за нездрава храна

Поголемата потреба за јадење нездрава храна е јасен знак дека телото е влезено во магичниот круг од кој се создаваат повеќе и повеќе токсини.

Совет: Испланирајте неколку денови за темелно чистење на организмот со свежо цедени сокови, исфрлете ги јаглехидратите од исхраната и месото и пијте вода за детоксикација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top