Како и возрасните така и децата можат да бидат под стрес. Знаците кои укажуват дека такво нешто се случува се различни и зависат од карактерот на личноста и способноста на детето да го изрази чувствата.
Некои често ќе се жалат на болки во стомакот, главоболки, не сакаат да стануваат од креветот или одбиваат да одат во училиште. Некои плачат додека родителите заминуват и ги оставаат во училиште.
– Во училишната средина неадаптираност може да се манифестира и со неприфаќањето на правилата на однесување, чести свртувања на внимание на себе, повлеченост, недружељубивост, одбивање работа на час или агресивност кон другите деца.
Задачата на родителите е да го разбира детето, да разговара со него и да се обиде да ја открие причината за неговиот стрес или за пречката на која детето наишло во неговата средина.
Детето за да се снајде без проблеми во прво одделение, важно е да родителот редовно да комуницира и соработува со учителот или учителката.
Родителот треба да му помогне на детето да развие работни навики. Детето треба да има свој простор за работа, речиси во исто време секој ден да почнува да ја работи домашната задача, но мора да има и други обврски во домот.
Родителот треба да му помогнете на детето да го организира и слободно време.
Детето и по одењето во училиште има потреба да си игра и да се дружи со родителите. По враќањето од училиште детето има потреба да се одмори и не треба веднаш да продолжи со учењето.
Denesen.mk