Home / природен лек / Златно млеко – Пијалак кој ќе ви го промени животот

Златно млеко – Пијалак кој ќе ви го промени животот

Главната состојка на ова златно млеко е куркумата, која има повеќе од 150 потенцијално тераписки функции, а богата е со антиоксидансни, противвоспалителни и антиканцерогени својства.

zlatno mlekoкуркумата го стабилизира шеќерот во крвта Индијците овој зачин не само што го користат во кулинарството, туку и како лек кога имаат проблеми со високото ниво на шеќер во крвта. Истражувачите на Универзитетот во Гуџарат потврдија дека активната состојка куркурма, ги активира гените кои го регулираат шеќерот во крвта. За да имате корист, секој ден треба да внесете барем половина лажичка куркума во телото. Зачинот може да го ставате во месо, зеленчук, ориз и јајца.

Еве некои од заболувањата кои можат да бидат спречени од страна на куркумата (во заградата се броевите на направените студии за посочените заболувања)
Оксидативен стрес (160), Воспаление (51), Оштетување на ДНК (48), Рак на дојката (60), Рак на дебелото црево (60), Оштетување на црниот дроб (34), Алцхајмерова болест (34), Тумори (23).

Додавањето на бибер во целиот рецепт ја зголемува телесната апсорпција на куркумата на 2000%!

Подготовка на златното млеко:

pasta kurkuma1 чекор – Паста од куркума

Состојки: ¼ шолја куркума во прав, ½ лажица мелен бибер, ½ шолја филтрирана вода

Подготовка: Помешајте ги сите состојки во сад за варење на средна јачина. По неколку минути мешање треба да добиете густа паста. Оставете ја смесата да се олади, а потоа чувајте ја во мала тегла во ладилник.

2 чекор – Златно млеко

Состојки: 1 шолја бадемово млеко (кокосовото или домашното кравјо млеко cе одлична алтернатива), 1 лажица кокосово масло, ½ лажичка паста од куркума и мед.

Подготовка: Комбинирајте ги сите состојки освен медот во сад за варење. Додека го загревате млекото со маслото и пастата, не дозволувајте да зоврие. На крај, додајте мед по желба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top