Free songs
Home / алтернативна медицина / Живот без болести и старост – сон кој може наскоро да е реалност? (Видео)

Живот без болести и старост – сон кој може наскоро да е реалност? (Видео)

Наскоро луѓето ќе можат да ги надживеат и годините на Метузален. ,,Вечниот живот,, без болести и старост е сон на секој од нас. Овој вид на научна фантастика на крајот може да стане вистинска реалност.
Според Хебрејската Библија Метузалем, „Човекот од стрела/копје“ бил најстарата личност која што некогаш живеела на светот. библиската традиција, тврди дека тој починал на возраст од 969 години, пред почетокот на големиот потоп. Метузалем бил син на Ено и дедо на Ное. Според средновековните рабини, господ го одложил потопот во чест на Метузален поради седумдневно жалење. Името Метузалем или фразата „стар/а колку Метузалем“, најчесто се користи за да се посочи долгата старост на некое живо суштество.

Кога науката очекува да го исполни овој вековен сон на човекот? За ова повеќе говори водечкиот експерт на Институот за биологија на стареење, биофизичарот Игор Артуков.

-„Господине Артуков, доколку замрзнеме човечко суштество кое треба да почине од неизлечива болест, дали тоа ќе биде можно да биде излечено за 20, 30, 40, 100 години?

-„По 20 години е малку веројатно. Но во следните 40 години не би ја исклучил ваквата можност. Ова би можело да биде остварливо, доколку сегашната стапка на технолошки напредок остане таква каква што е денеска.

-„Во моментов ја имате компанијата „KrioRus“ која што е одговорна за ваков вид на идна криопрезервација. Вие сте поврзан со оваа компанија, која е основана во 2005 година од стран на осум Руси. Ова е прва компанија од овој вид која што е надвор од САД.

-„Да јас сум всушност директор за истражување во компанијата. Да бидам искрен и многу не се занимаваме со наука овде, поради слбиот фонд на пари. Фирмата е на рбот на опстанок, а услугите се евтини.

-„Колку се евтини?

-„Криопрезервацијата на мозокот чини 10,000 долари, а на целото тело 30,000 долари. Тоа е еднократен надоместок“. Можат исто така да работиме и со миленичиња, како и да извршиме транспортација на телата во сув мраз и за други слични услуги кои веќе ги извршуваме за клиенти од Русија и ЕУ.
Компанијата веќе има складирано мозоци на неколку пациенти, Лидија Федоренко, Лубов Чернаја и анонимен 60 годишен старец. Имаме пациенти на кои што им е зачувано и целото тело.
Почнувајќи од август 2011 година, „KrioRus“, досега има криопзерватирано 17 луѓе, 2 мачки, 4 кучиња и 2 птици.

-„Тоа го правите во договор со клиентите?“

-„Да, но луѓето најчесто ни се јавуваат да ни кажат: Знаете нашиот дедо починал, ние би сакале да го замрзнеме“.

-„Колку замрзнати тела или делови од телото имате досега?

-„Околу 20“.

-„А имате и складилиште, каде што има идеални услови за вакво нешто?“.

-„Да, имаме течен азот, температурата е на минус 196 степени, но мора да се напомене дека одржливоста на ваквата температура ни малку не е ефтино“.

-„Како може да се објасни оваа технологија од научна гледна точка“

-„Искуството покажува дека голем дел од животните и инсектите можат да бидат замрзнати и одмрзнати без никакви последници по нивниот живот. На пример сирискиот гуштер може да живее во предели каде темературата е и под 40 степени. Животното може да индексира во пукнатина во мраз и да остане таму долг период.

-„Долго време-колку долго?“

-„Регистрираната инциденца е 90 години. „Крвта, спермата, матичните клетки, исто така можат да се зачуваат во замрзната состојба“.

-„Доколку вашиот клиент е замрзнат и одмрзнат во некој иден период. Што ќе стане со неговиот живот. Ќе знае ли да се прилагоди на новиот живот?

-„Се разбира ова би можело да претставува проблем, но тоа е слично кога едно лице од село доаѓа во голем град. Мислам дека ваквата адаптација во иднина ќе биде една од наједноставните процеси при одмрзнувањето на човечкото тело.“

-„Дали сте подготвени да направите ваков експеримент на себе?“

-„Се разбира зошто инаку би го правеле сето ова?“

-„Значи вие сето ова го правите за себе, како еден вид на хоби“

-„Апсолутно. „KrioRus“ е непрофитна организација. Ние земаме пари едноставно колку да ги покриеме трошоците“.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top