На Институтот „Руџер Бошкович“ во Загреб се вршени претклинички испитувања на употреба на зеолит. Kај пациенти заболени од рак е забележано подобрување на состојбата, а во одредени случаи и целосно излекување по употребата на зеолити. Позитивни резултати од примената на зеолит за различни здравствени проблеми се добиени со истражувањата спроведени во Австрија и Германија – се вели во трудот „Зеолити и нивна употреба“, од проф. д-р Тена Шијакова-Иванова, проф. д-р Војо Мирчовски и проф.д-р Виолета Стефанова.
Според нив, зеолитите хојландит, клиноптиолит и хабазит во медицината се користат како детоксиканти, како антибактериски препарати, во хемодијализата, за неутрализација на желудочни киселини, за запирање акутна дијареа. Зеолитите, поради антиоксидантските својства, ги врзуваат слободните радикали во организмот, кои се големи предизвикувачи на болести, а важат и за имуностимулатори. Ги намалуваат болките во мускулите, се користат за лекување животни. Ги неутрализираат микотоксините.
Светското годишно производство на зеолити е околу 4 милиони тони, од кои 2,6 милиона тони се искористуваат во Kина за производство на бетон. Светски лидери во производство на зеолити се Австралија, Азија, Источна и Западна Европа. Само 1 отсто од светското производство потекнува од Северна Америка. Се произведува во Јордан, Јапонија, Турција, Словачка, Бугарија, Србија, Грција, Италија, Русија и др.