Дренот (lat. Cornus mas) е листопадна грмушка или ниско дрво, до 8 метри висина, со заоблена густа крошна. Расте насекаде, а најмногу на суво, на сончевите страни од листопадни шуми со други грмушки.
Кај народот познатата фраза „здрав како дрен“ сосема е разбирлива уште од дамнешни времиња ако го имаме на ум големото значење на оваа билка.
Имено, дренот содржи голема количина природен шеќер, органски киселини, пектин, танини и многу витамин Ц. Во него се наоѓаат двојно повеќе аскорбински киселини отколку во портокалот. Плодовите се свежи, а може и да се замрзнуваат, сушат и од нив може да се прави мармалад, чај, сок или компот а е добра состојка и за колачи. Посебно треба да напоменеме дека секој дел од оваа билка е лековита – плодот, листот, кората, светот, свежи и исушени семки.
Неговите лековити својства се манифестираат во лечење на воспалено грло, слабокрвност, болести на бубрезите, дијареа, хемороиди, дијабетес и за брзо заздравување на рани. Руските научници востановиле дека дренот, неговата кора и листови поседуваат антимикробиолошко својство.
Заоблениот дел од овошјето и маслото од семките може да се користат за регенерацја на кожата. Ако со пореметувањето на работата на цревата ви се појавила и грозница, се препорачува чај од кората на оваа билка.
Во Франција и Италија од дрен масовно се произведува вино и желе, а недозреаните плодови се конзервираат во солена вода како маслинки. Во Германија се готват со шеќер и оцет и се додаваат на јадења од тесто и компир. Во Русија од него се готват со вкусни јуфки и се користи како зачин за специјалитети од месо и риба. Кај нас неговата употреба е доста ограничена, што е штета бидејки оваа билка расте на доста раширено подрачје.
Вкусен и лековит сок од дрен
Состојки:
-1.300 килограми зрели црвени дренки
-3 кг шеќер
-50 g лимонска киселина
-вода, стаклени шишиња, газа
Подготовка:
Дренките измијте и ставете да се готват во пет литри вода. Кога се распукнат, доволно се готвени па тогаш згмечете ги за да добиете маса како пире.
Таквите дренки продолжете да ги готвите уште 15 минути, после што ќе ги извадите од садот во кој ги варите. Во истиот сад додајте уште 1 л вода, 3 кг шеќер, 5 дл лимонска киселина па сето тоа мешајте и гответе уште пола час додека шеќерот не се растопи.
Пената која ќе се наталожи на врвот од време на време тргајте ја со лажица, а кога таа ќе се изгуби, се е готово. После тоа загрејте ги стаклените шишиња па во нив преку газа прецедете го сокот во нив. Сокот кој ќе го добиете разредувајте го со вода и уживајте.
Фактор