Ако ви е носот затнат и немате капки за нос, направете домашни капки кои се навистина делотворни и можете да ги користие повеќе пати во текот на денот.
Подготовка
– физиолошки раствор и
– морска крупна сол
Во едно шишенце сипете два полни шприца (10мл) физиолошки раствор и ставете половина кафена лажичка сол. Оставете ја солта да се растопи во целост и растворот за отпушување на затнат нос е готов.
Содржината пресипете ја во некое старо шишенце од капки за нос или со употреба на капалка капнувајте по две капки во секоја ноздра неколку пати во денот.
Уште поголема ефикасност ќе добиете ако во растворот сипете барем две до три капки пантенол раствор. Тој делува навистина пријатно врз слузокожата во носната шуплина, штитејќи ја од надразнување и елеминирајќи го чувството на печење.