Free songs
Home / Болести и лечење / Зарази, стомачни болки, салмонела… – Без рехидратациска сол не тргнувајте на пат

Зарази, стомачни болки, салмонела… – Без рехидратациска сол не тргнувајте на пат

Високите надворешни температури се погодни за појава на инфекции што ги предизвикуваат патогените цревни бактерии, како што се салмонелата и Escherichia coli, шигела (која предизвикува дизентерија). Изворот на заразата обично е загадената храна, а инфекциите почесто се случуваат на патување. Кон крајот на август и на почетокот од септември почнува и сезоната на ентеровирози, кои се одговорни за повеќето фебрилни состојби кај децата, но и кај возрасните, а нивните причинители влегуваат во групата на цревни вируси.

dete bolki stomakБолки во стомакот

Детето се жали на болки во стомакот, температурата може, но и не мора да биде зголемена, често повраќа, а празнењето е во вид на пролив и зачестено. Ваквата состојба може да потрае и повеќе дена, што заедно со високите надворешни температури може да доведе до значително губење на течноста и до дехидратација. Ентеровирусите може да предизвикаат цела низа симптоми – од висока температура, која не трае долго, до епизоди со повраќања и проливи, болки во грлото, с` до сериозен менингитис.

Течности и минерали

inside-air-duct-pollen-dustmite klima bakteriiНадоместување на течностите е првото правило за лекување. Со проливот детето губи голема количина минерали, па затоа, освен течноста, треба да се додадат и минерали (натриум, калиум, хлориди, бикарбонати) и гликоза. На пат никако не треба да се тргнува без неколку кесички со орална рехидратациска сол (Humana Elektrolyt, на пример), која треба да се раствори во еден литар извриена вода и потоа оладено да му се даде на детето. течноста треба да се дава внимателно лажиче по лажиче бидејќи ако наеднаш испие поголема количина, повраќањето може само да се влоши.

Зависно од состојбата на малиот пациент и од причинителот на болеста, лекарот ќе препише антибиотик дури по добиената анализа на изметот.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top