Home / Болести и лечење / ЗАМОР, АПЕТИТ, ЧЕСТО МОКРЕЊЕ… ВНИМАВАЈТЕ: 7 знаци кои укажуваат на дијабетес!

ЗАМОР, АПЕТИТ, ЧЕСТО МОКРЕЊЕ… ВНИМАВАЈТЕ: 7 знаци кои укажуваат на дијабетес!

Ако не се лекува дијабетесот може да има сериозни последици, затоа ако забележите некој од овие симптоми треба да се обратите на лекар. Подобро е да се проверите!

1. Претерана жед

dijabet insulinЕден од наочигледните и добро познати знаци дека боледувате од дијабетес е ако невообичаено и претерано сте жедни. Жедта може да се појави од две причини, но резултатот е ист: мора да испиете многу повеќе течности од вообичаено. Затоа ако го имате овој симптом, посетете го лекарот и проверете.

2. Често одење во тоалет

Ако пиете многу повеќе течности од вообичаено, исто така се почесто ќе одите во тоалет. Ова е еден од класичните знаци дека можеби имате дијабетес. Дури ќе се будите и во текот на ноќта за да отидете во тоалет. Ако ова ви се случува често, знаете што треба да правите – проверете ја крвта и отидете на лекар!

3. Замор

Постојат уште неколку симптоми кои не се толку вообичаени, а кои можат да укажуваат на дијабетес. Еден од нив е заморот, но секако постојат многу причини зошто некој може да чувствува преголем замор, затоа морате да го посетите лекарот.

4. Габички

Друг можен симптом за дијабетес е габичната инфекција во гениталното подрачје. Секако инфекцијата може да биде предизвикана и од други причини, но во случај на дијабетес е поради вишокот на шеќер со кој се хранат габичките. Ако имате габички повеќе од три до четири пати годишно, тоа може да укажува на дијабетес.

5. Проблем со видот

Дијабетесот исто така предизвикува проблеми со видот, повторно поради зголемениот шеќер во крвта, како што се и сушењето на очите и замаглениот вид. Дијабетесот може да доведе дури до губиток на видот, така што е важно да се дијагностицира и следи. Ако се дијагностицира, мора редовно да се прави скенирање на мрежницата која ќе покаже каква било промена.

6. Бавно зараснување на раните

Дали неодамна сте се исекле и сте забележале дека раната никако не ви зараснува? Ова исто така би можело да биде знак дека имате дијабетес, па затоа посетете го вашиот лекар ако сте го забележале овој симптом. Дијабетичарите се склони кон инфекции, бидејќи нивниот имунолошки систем е ослабен поради високото ниво на шеќер во крвта.

7. Зголемен апетит

На крајот, уште еден можен симптом е зголемениот апетит. Како и во случајот на другите симптоми и овој може да биде предизвикан од други причини ( како што е зголемената активност на штитната жлезда), но ако забележите дека имате преголема желба за храна одете на лекар и проверете ја својата состојба.

Никогаш не ги игнорирајте промените во својот организам туку одете на лекар. Со рано дијагностицирање на болеста можете да спречите сериозно нарушување на својот имунолошки состав и да се регулира нивото на шеќер во крвта, кое се проверува со едноставно тестирање на крвта или урината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top