Home / сведоштва / За само осум дена леукемијата исчезнала! (ВИДЕО)

За само осум дена леукемијата исчезнала! (ВИДЕО)

Американските научници за само осум дена со помош на генетска терапија успеаа да излечат досега неизлечлива форма на леукемија.

Според АBC, нивниот техничар Дејвид Апонте е излечен со истиот третман на Т-клетките кои се заразени со ХИВ вирусот, третман кој претходно излечи седум годишна девојка Ема Вајтех. По успешното лекување на Ема, докторите од болницата Мемориал Слон Кетеринг одлучија истиот третман да го практикуваат и на возрасни пациенти. Иако третманот не успеал на сите, сепак кај Дејвид Апонте истото траело само осум дена по што леукемијата исчезнала.

Можен лек за други форми на рак

Иако експерименталниот третман и терапија се применети на уште четири пациенти, сепак кај нив траговите од леукемијата исчезнала по осум недели.

leukemijaNewScientist пренесува дека еден од нив починал поради згрутчување на крвта, додека пак другиот починал поради тоа што болеста му се вратила. Што се однесува до излечените пациенти, меѓу кои е и Апонте тие моментално се на двегодишна ремисија при тоа надевајќи се дека болеста нема да се врати.

Мајкл Саделаин, водач на недицинскиот тим од Memorial Sloan-Kattering чија специјализација е лечење на ракот, изјавил дека околу 50 нови пациенти се подготвени за нова фаза на клинички терапии. Тој и додал дека постои можност терапијата да помогне и во лечење на некои форми на рак.

Минатата година, компанијата Adaptimmune терапијата ја спроведе на 13 пациенти кои беа дијагнозирани со прогресивна малигна болест на плазма клетките, а по третманот 10 пациенти се успешно излекувани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top