Home / бабини рецепти / За прочистување на белите дробови: Лек за сите пушачи

За прочистување на белите дробови: Лек за сите пушачи

Ако сте пушач овој лек е за вас, лесно се прави дома и производите се достапни во секоја кујна.

Ги исфрла секретите од белите дробови на пушачите. Убаво е да се приготви и во текот на зимата, кога ќе фатите вирусна инфекција со кашлица и настинка.

Потребно е:

1/2 кг кромид, 1/2 кг кафеав шеќер, 1 литар и 500 млл вода, сок од 2 лимони, 7 лажици домашен мед.

Подготовка:

Ставете шеќер во соодветен сад, ставете на умерен шпорет да се карамелизиран како повремено се промешува до светол карамел. Додајте го излупениот ситно исецкани кромид и промешајте со дрвена мешалка.

Внимателно, за да не прска, додавате водата, се промешува и оставаме да се вари на умерен оган додека течноста остане 2/3, а другата 1/3 испари. Цеди низ газа, да се отстрани кромидот, и додаваме сокот од двата лимони, се додава и домашниот мед. Сè добро измешајте додека не се раствори медот. Истурете во стаклено шише и оставете го да се излади во фрижидер.

За прочистување на белите дробови се зема 1 лажица пред секој оброк. Пијте сè додека сирупот не заврши. Следната доза може да се направи по 3 месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top