Заборавете на паста за заби со вкус на нане и обидете се со кокосово масло. Кокос е многу моќна билка, бидејќи може да ги убие бактериите одговорни за расипување на забите. Ирски научници го тестираат ефектот од кокосово масло на Streptococcus mutans – бактерии кои се на вашите заби и произведуваат киселина која предизвикува расипување на забите. Кога масло се мешало со ензими за варење, станало моќна алатка за убиството на наведените бактерии.
Главниот истражувач д-р Damien Брејди, од Атлон Институтот за технологија во Ирска, вели: “Забниот кариес е здравствен проблем на кој не се обрнува доволно внимание. Тоа влијае на 60 до 90 отсто од децата и возрасните во најразвиените земји. Кокосово масло во производи за орална хигиена, ќе биде алтернатива на хемиски адитиви, особено поради тоа што се работи за релативно ниски концентрации.
Кокосово масло убива габата Candida albicans, што предизвикува празнење, болен сексуален однос, и пецкање или печење при мокрењето,
Кокосово масло треба да е 100% природно и да не е рафинирано. Редовното користење на овој метод буквално ќе ви ја преобрази стоматолошката хигиена и освен тоа дека ќе ги отстрани бактериите, ќе ве штити и од опасни болести како на пример Кандида, што може да предизвика дури и рак.
Затоа, доволна е само една лажичка кокосово масло. Секојдневно користете ја и наслагите од забите ќе исчезнат. Маслото не го голтајте само забуркајте го во устата 15 до 20 минути, а потоа плукнете.
Кокосовото масло ќе го намали бројот на штетните бактерии во устата и така ќе се спречи таложење на нови наслаги и че помогне да ги отстранете веќе постоечките. На крајот измијте ги забите со четка без паста за заби. Подобрување, ќе забележите веќе по десет дена.