Ракот на дојка е меѓу најчестите видови туморски заболувања кај жените. Воспаленијата на непцата исто се вообичаени како кај пушачи, така и кај непушачи
Американските научници утврдиле одредена поврзаност меѓу болестите на непцата и ракот на дојката.
Истражувачите од Универзитетот во Бафало, Њујорк, спроведоа истражување кое открива зависност помеѓу овие два вида болести. Тие анализирале податоците од повеќе од 73 илјади жени во период од 6 години.
Ризикот од рак бил со околу 14% повисок кај жените кои страдаат од хронични болести на непцата. По завршувањето на овој период 2100 од жените биле дијагностицирани со рак на дојка, пишува foxnews.com.
Научниците зеле предвид и други фактори како пушење, возраст, тежина, физичка активност. Излегува дека дури и поранешните пушачи, кои се откажале цигарите во последните 20 години, исто така имаат поголем ризик од туморски морбидитет.
Една од можните причини, според експертите, е пародонтална болест која е хронично воспаление. Во принцип, постојаните епидемии на воспаленија во ткивата го зголемуваат ризикот од појава на рак.
Тие можат да предизвикаат не само рак, но и кардиоваскуларни болести и компликации од нив како инфаркт и мозочен удар.
Друга можна причина се бактериите кои се вгнездуваат трајно во усната шуплина во присуство на пародонтална болест. Тие влегуваат во крвотокот во ткивата и предизвикуваат туморски измени во клетките на млечната жлезда.
Измените на хормоните пред, за време и по менопаузата исто така придонесуваат за усложнување на ситуацијата и зголемување на ризикот од рак на дојка.
Научниците сè уште не се целосно убедени во поврзаноста помеѓу ракот на дојката и воспаленијата на непцата, но едно е сигурно – воспаленијата во усната шуплина, како и во други делови на телото треба да се лекуваат навремено, за да не предизвикуваат оштетување на други места во организмот.