Home / нови лекови / Враќање од мртвите: Научниците најдоа начин да ја “измамат” смртта

Враќање од мртвите: Научниците најдоа начин да ја “измамат” смртта

Радикалната постапка подразбира замена на крвта на пациентот со ладна солена вода која може да ги врати луѓето кои се работ на смртта, вели Дејвид Робсон.

Кога температурата на вашето тело би била 10 Целзиусови степени, и кога не би имале активност на мозокот и срцето, а сите ќе вепрогласат дека сте мртви, јас би можел да ве вратам во живот – вели Питер Ри од Универзитетот во Аризона.

krv2Дека Ри не е премногу оптимист потврдено е од страна на неговиот колега од Универзитетот во Мериленд, Самуел Тишерман. Негово мислење е дека експериментите кои досега се извршени само врз животни покажуваат дека е можно да го одржуваме телото во “суспендирана состојба” во период од неколку часа.

Целиотпроцес се состои од испразнување на крвта од телото и намалување на телесната температура на 20 степени целзиусови под нормалата. Потоа крвта повторно се враќа во телото “се пумпа”,а телото постепено се загрева. Кога температурата на телото ќе достигне 30 степени срцето одеднаш почнува да чука.

-Изненадувачки е тоа штоживотните “по смртта” еден ден чувствуваат вртоглавица, а следниот ден се е сосема нормално – вели Тишерман.
Убивање на пациентот со цел да се спаси неговиот живот

Тишерманго свртува вниманието на јавноста оваа година, по изјавата дека е подготвен за експериментирање врз луѓето. Првиот пациент треба да биде случајна жртва на престрелка или сообраќајна несреќа со тешки повреди кои би предизвикале многу загуба на крв и срцев удар, што би значело дека овој метод е последната надеж за пациентите, или како штопишува NewYork Time: “Убивање на пациентотза да му се спаси животот. ”

Тишерман вели дека смртта на пациентитеденес мора да се смета поинаку, и дека е поместена границата кога докторот ја утврдува смртта.

Тој забележува дека борбата за повторната работа на срцетое само половина од битката за лекарот. Многу важно е да се земе предвид нивото на кислород што е најголемиот проблем. Секоја секунда додека телото е во “безживотно состојба” клетките не добиваат кислород и умраат. Да го забават овој процес, потребно е да ладење на телото.

Други лекари се оптимисти и веруваат во истражувањето на Ри и Тишерман. Тие две децении собираа докази за безбедноста на нивните методи. Главно експериментите се работени на свињи и сфатиле дека ако телото се излади доволно брзо и ако брзо им се врати нивната крв, речиси 90 отсто од животните ќе се вратат од мртвите без никакви последици.

-Највозбудливиот момент е кога срцето е повторно ќе зачука – вели д-р Ри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top