Free songs
Home / природен лек / Волшебните својства на матичниот млеч

Волшебните својства на матичниот млеч

Матичниот млеч се произведува од млади пчелички наречени доилки. Тие сепак лачат различни секрети за обичните работнички и за царицата. Млечот се нарекува уште и мајчин и е многу богат со корисни материи. Оваа храна и помага на мајката да снесува до две илјади јајца дневно. А и живее 5-6 години, додека обичните пчели – само два месеци.

pcela-medСвежиот матичен млеч е густ како крем, со мирис и кисел вкус. Содржи околу 66% вода, 13% протеини, 15% јаглехидрати, 5% масти и 1% минерали.

Во него можат да се најдат сите есенцијални аминокиселини, затоа е неопходен дел од менито на вегетаријанците, веганите, и луѓето на сирова храна. Речиси целата азбука на витамините може да се најде во пчеличниот производ – A, B1, B2, Б5, Б6. B9, Б12, Ц, D, Е, H, PP . Му обезбедува на организмот и минерали и микроелементи – калциум, бакар, железо, фосфор, калиум, силициум, сулфур, магнезиум, манган, цинк, кобалт и други.

Богат е со гамаглобулин кој го стимулира имунолошкиот систем и помага да се справиме со инфекции и вируси. Ацетилхолинот пак е неопходен за пренос на нервни пораки од клетка на клетка.

Матичниот млеч сепак содржи и се уште непозната за науката супстанца. Се знае само дека го одложува стареењето. Затоа и пчелниот производ е познат како еликсир кој ја продолжува младоста, ја зголемува енергијата, ги брка лошите мисли. Помага на имунолошкиот систем, метаболизмот, функциите на ендокрините жлезди, крвта. Има антибиотски и антивирусни својства. Го подобрува апетитот и меморијата, го намалува холестеролот, го регулира крвниот притисок. Помага при кожни заболувања, артритис, главоболка. А исто така и ги вади токсините од организмот. Но, не се препорачува кај алергични на полен, мед и пчелни производи.

Во минатото Матичниот млеч се користел во кинеската медицина, за да се зголеми должината на животот , да се забави предвременото стареење на клетките, како и за стимулирање на сексуалната активност.

Во козметиката се додава во производи за коса и кожа. Содржи колаген, кој има ефект анти стареење и ја одржува кожата мазна и здрава. Со векови матичниот млеч се користи за омекнување и регенерација на кожата и отстранување на брчките, лекување на егзема и дерматитис.

Матичниот млеч ја потхранува сувата и оштетена коса , го подобрува растот нејзино и обновува скалпот. Се тврди дека може и да ја спречува појавата на белите влакана.

Матичниот млеч може да се најде како самостојно, така и во комбинација со други вредни додатоци како женшен и гинко билоба пример.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top