Home / алтернативна медицина / Водата зависно кога се пие има поинакво дејство на организмот – за слабеење, за варење, крвен притисок

Водата зависно кога се пие има поинакво дејство на организмот – за слабеење, за варење, крвен притисок

pijte vodaЗнаеме дека е водата важна, но информацијата дека потои посебно време во денот за одделна делотворност не е многу позната работа. Имено зависно во кој дел од денот или активност која ја имате испиете вода, има различен ефект. Пример

– чаша вода веднаш по будењето – помага за активирање на внатрешните органи

– чаша вода пред туширање – помага да се снижи крвниот притисок

– чаша вода 30 минути пред оброк – помага при варењето

water-glass

– чаша вода кога сте гладни – смалува тежина. Ова се објаснува со фактот дека најчесто мозокот помеѓу оброците испраќа грешни сигнали и помислувате дека сте гладни и ви се грицка нешто, но всушност сте жедни и малку дехидрирани. Пред да навалите на грицките испијте чаша ладна вода – во најголем број случаи и гладта ќе исчезне.

– чаша вода за буден мозок – доколку се чуствувате поспано, а мора да останете будни испијте чаша ладна вода. Водата брзо се движи низ организмот и брзо ќе стаса и до вашиот мозок. Ќе се разбудите, посебно ако испиете ладна вода.

– вода за побрзо дејство на апчињата – ова важи само доколку медикаментите кои ги пиете дозволуваат консумирање со вода. Инаку за обичните апчиња за глав, болки и слично доколку ги испиете со чаша вода го забрзувате времето потребно да се рашират низ телото и да делуваат.

– чаша вода пред спиење – го намалува ризикот за срцев или мозочен удар? Некои тврдења велат дека 90 насто од срцевите удари се случуваат наутро, а ризикот може барем да се намали ако само испиеме една до две чаши вода пред спиење.

drink_water

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top