Министерството за здравство започнува со нов проект со кој се воведуваат 100 методи во работењето на ЈЗУ, а ќе стартуваат од септември годинава. најважна метода што се воведува во јавното здравство е трансплантација на црн дроб, а ќе се реализира на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија.
– Пациентите, од 10 до 12 лица годишно, нема веќе да се упатуваат во странство. За оваа интервенција се даваа големи средства, а сега таа ќе се реализира во земјава – вели Тодоров и додава дека пациентите од внатрешноста кои за крварење на чир во желудникот се упатуваа во Скопје, сега ќе се оперираат во клиничките болници во Штип, Тетово и во Битола.
62 нови методи ќе се применат на универзитетските клиники во Скопје, а останатите 38 во општите, специјализираните и општите болници на целата територија на РМ.
Новите методи ќе се применат на повеќе скопски клиники меѓу кои: Клиниката за максиофацијална хирургија, Клиниката за анестезија и реанимација и во ГОБ 8 Септември”, на Трауматологија, Ортопедија, Гастроентерохепатологија, Гинекологија, Дерматологија, Инфективна, Онкологија, Неврологија…
Болницата 8 Септември” ќе се почне со ласерска фотокоагулација, транскранијална магнетна стимулација за лекување на пациенти со тешка депресија, а исто така ќе се воведат и методи од физикалната медицина и рехабилитација. Во Клиничката болница Битола ќе се воведат методи од областа на оториноларингологија и урологија, односно се воведува биопсија на простата и ендоскопска хирургија на синуси, со што ќе се овозможи помалку инвазивна хирургија на синуси и подобрување на дијагностиката на карцином на простата. Во клиничките болници во Тетово и Штип се воведува интервентна терапевтска дигестивната ендоскопија, со цел навремен третман на крваречки улкуси и за што пациентите веќе нема да патуваат до Скопје.
Во Институтот за белодробни заболувања кај децата, а на Институтот за туберкулоза ќе се воведе и неинвазивната вентилација од која ќе придонесе кон подобро лекување на пациентите со ХОББ.
Ве молам за совет за случај со задржување на течностите во телото и собирање на асцит во стомачната празнина, отечни нозе- последица на билијарна цироза. Благодарам