Со инфекција на очите после капењето во базен или други неистечни води по неколку пациенти дневно бараат лекарска помош на очната клиника. Според офталмолозите со затоплувањето на времето се зголемил и бројот на вакви случаи. Сите имале исти симптоми и биле амбулантски третирани.
– Црвенило, чешање или оток ова се најчестите симптоми при инфекција на очите, изјави асс.д-р Ирина Богданова од Клиника за очни болести.
Фекалиите, потта и нечистотијата што капачите ја внесуваат во водата се најчестите причини за добивање на инфекции на очите. Најопасна, според лекарите е бактеријата хламидија која често ја има во базените. Таа предизвикува сериозни инфекции и во некои земји има случаи каде со ваква бактерија може да дојде до слепило,
– Оваа бактерија се знае дека ги напаѓа гениталиите и очите. Тие се двата органи од телото кои се на удар од оваа бактерија, вели д-р Богданова.
За да се избегнат копликации на очите доктор Богданова советува задолжително полсе капењето во базен лицето да се измие со чиста вода од тушевите.
Sitel.mk