Home / Болести и лечење / Внимание, сезона на крлежи и на змии

Внимание, сезона на крлежи и на змии

На крлежите, објаснуваат биолозите, им годи температура на 15-20 Целзиусови степени. Ги има во тревата.

Им годат топлина, влакна и крв, а се хранат со крвта. Затоа и се закачуваат на крзна на животни, на луѓе.

krlezВо телото може да се однесат до гениталиите и да направат уште поголеми проблеми. Кога ќе дојдат до целта, крлежите исфрлуваат течност и со малите клешти ја раскинуваат кожата. Човекот тоа не го чувствува. Течноста што ја исфрлаат спречува згрутчување на крвта, па од местото што го нападнале може да се хранат со крв со недели.

Лекарите велат дека нападнатите од крлеж веднаш треба да се јават на лекар. Објаснуваат и дека прават грешка третирајќи го со масло, гас, лак за нокти…

Крлежите пренесуваат вирусни и бактериски заболувања. Од вирусните пренесуваат: конго-кримска хеморагична треска, воспаленија на мозокот или мозочните обвивки, омска хеморагична треска. Хеморагичните трески се вирусни заболувања со висок процент на смртност.

krlez3Од бактериските пренесуваат

– Лајмска треска, позната и како борелија

се препознава по црвена дамка околу местото на убодот. Некои пациенти со лајмска болест имаат симптоми на грип: сувост на грлото, главоболки, треска, болки во зглобовите и во мускулите, зголемени лимфни жлезди.

– Рикециози

  Рикециозите, предизвикуваат т.н. епидемичен осипен тифус, трески и се сметаат за сериозни заболувања.

Бидете посебно внимателни бидејќи крлежите пренесуваат и туларемија.

  • Во природа носете облека што нема да остава откриени делови од телото
  • Испрскајте ја облеката со спреј на база на синтетски пиретроид – перметрин

Змиите, пак, ги има на планините, во карпи и под големи камења и високи треви. Змиите се плашливи и главно не напаѓаат без причина. Затоа и не треба да се задеваат. Сепак во последно време сведоци сме на змии кои се појавуваат дури и во урбаните средини затоа бидете внимателни. Доколку ве касне смија веднаш обратете се на лекар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top