Free songs
Home / аларм / Вируси, гнојни ангини и пневмонии ги нападнаа граѓаните

Вируси, гнојни ангини и пневмонии ги нападнаа граѓаните

Како да не е мај, коментираат матичните лекари. Ординациите им се полни со пациенти со вирусни и бактериски настинки, инфекции на горни или долни дишни патишта, но и со стомачни вируси.

influenza_virus-300x255Доаѓаат со болни грла и гнојни чепови, најчесто предизвикани од стрептококни бактерии. Пациенти е полно и по болниците и клиниките. А временските услови, дождот што врне веќе неколку недели, а потоа силното сонце, ги полнат и болниците за деца, пишува Нова Македонија.

Честите врнежи и влажното време ги размножуваат вирусите. И Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле е преполн со болни дечиња – врнежите, а потоа влагата кога нагло ќе се затопли, влијае на здравјето, особено кај децата. Во установата се згрижени многу деца потешко болни со тешки, масовни пневмонии, опструкции -отежнато дишење.

Лекарите советуваат здрава исхрана, повеќе овошје и зеленчук, цедени сокови од нив, како и физичка активност.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top