Home / природен лек / Ви се фатил гласот – овие билки го лекуваат

Ви се фатил гласот – овие билки го лекуваат

Голем број на традиционалните јадења се незамисливи без медитеранските зачини. Поред тоа што го подобруваат вкусот, зачините поседуваат многу лековити својства.

zacin trevki bilkiБосилок – е отсекогаш познат како антисептик и природен антибиотик. Состојките на босилокот освежуваат релаксираат и ја смируваат кожата па затоа се употребува во препаратите за нега на кожата, посебно на она кожа која е со акни и митесери. Препаратите на база на босилок се употребува за опуштање на напнатите нерви, за поттикнување на варењето на храната и смирување на грчевите, како и за зајакнување на нервниот систем.

Жалфија –многу лековита билка. Освен што е антисептик, делува и проти габично, ги смирува воспаленијата и поттикнува зацелување на кожата, се користи кај болки во грлото, кашлањето, настинка и грип. Бидејќи го регулира работењето на потните жлезди, го намалува потењето и се користи во козметиката.

Оригано –отсекогаш се користел за лекување на настинка главоболка и забоболка. Го поттикнува варењето и функционирање на џигерот и жолчката и успешно се применува кај акутното воспаление на синусите, грип и настинка, но и кај хроничната главоболка.

Ловор – го зајакнува апетитот, го поттикнува искашлувањето, помага кај бронхитис, настинка и грип. Масирањето со масло од ловор го намалува реуматските болки и болките во мускулите и зглобовите.

Мајчина душичка –важи како природен антибиотик. Ја поттикнува циркулацијата и варењето, делотворна е кај воспалението на дишните патишта, кај болка во мускулите и зглобовите, а поради незините позитивни својства се користи уште и за подобро помнење и концентрација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top