Home / Болести и лечење / Вашиот месец на раѓање ви ги носи овие болести!

Вашиот месец на раѓање ви ги носи овие болести!

Според податоците добиени од едно истражување спроведено на 1,7 милиони луѓе, родените во јануари најчесто боледуваат од хипертензија или висок крвен притисок, додека февруари како месец на раѓање носи пореметување на срцевиот ритам кој предизвикува треперење на преткомората.

420895-sexhoroscope-300x180И пролетните месеци носат срцеви болести, па така, оние кои се родени во март боледуваат од атеросклероза, а оние кои слават роденден во април- ангина пекторис.

Родените во мај, јуни, јули и август се најчесто здрави и поштедени од болести, додека родените во септември боледуваат од астма.

Месец октомври носи ментални болести, ноември чести инфекции, а родените во декември се борат со бронхиолит од најраните денови.

Научниците тврдат дека постојат и научни причини поради кои треба да се обрнете внимание на месецот во кој сте родени, пренесуваат американскиот Тајм и италијанскиот Коре дел Сера.

Иако не е вообичаена пракса на сериозните академски научници, Татонети се занимава со нешто потполно неочекувано за оние кои се навикнати на истражување на биолошки и молекуларни примероци на човечкото здравје.

Проучувајќи ја големата база на податоци на пациентите  која ја развил Медицинскиот центар на Колумбија, Татонети и неговиот тим за прв пат набљудуваа дали месецот на раѓање има врска со настанокот на одредени болести.

Татонети утврдил дека од 1668 болести кои се забележани кај пациентите, 55 покажале силна врска со месецот во кој тие луѓе биле родени, а Тантонети тврди дека тоа не е случајност. Утврдена е врската со 16 болести кои никој до сега не ги поврзувал со месеците, а меѓу нив голем број се оние кои се поврзани со здравјето на срцето.

„Астрологијата се темели на месецот во кој сте родени, што всушност  е пречка за ваквите истражувања, бидејќи таа нема никакви научни докази кои ја потврдуваат. Времето во годината во која сте родени се одразува врз вас по раѓањето“, кажал Татонети.

Истражувањето на Тантонети:

istrazuvanje

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top