Досега сигурно сте ги забележале големите црвени точки по градниот кош и грбот на олимписките спортисти – терапија за која спортистите велат дека помага при болките и подобрување на мускулите.
Во гевгелиско ги викале ,,вандузи,, во други места низ Македонија ,,чашки,, но принципот е ист. Се легнува на стомак се земаат мали стаклени чаши, се пали мал памук се става во чашата и на грбот – чудо не ја гори кожата, а ја вовлекува како вакум – велат по само еден третман болките исчезнувале. Овој метод го користеле и при настинка.
Од каде доаѓа оваа терапија? Додека повеќето луѓе веруваат дека традиционалната кинеска медицина е основоположник на терапијата, таа всушност била користена од различни култури пред најмалку 5.000 години. Египќаните ја применувале терапијата пред 3.500 години, а и Хипократ бил познат по применување на оваа терапија.
Интересно е тоа што и во исламот е забележана терапијата. Мухамед опишал верзија во која бил вклучен мал засек на кожата пред ставањето на чашата со која се „извлекувале“ лошите духови од опседнатите. Процесот бил познат како „хиџама“, а се верувало и дека претставува лек за секоја болест или одредени болести, иако не е потенцирано за кои болести станува збор.
Меѓутоа дел од научната литература не ја поддржува терапијата која користи вендуза. Повеќето докази кои ја поддржуваат користа на вендузата доаѓаат од истражувањата спроведени од луѓето кои ја практикуваат традиционалната кинеска медицина, додека другите експерти велат дека се потребни дополнителни истражувања.
Едно истражување вели дека вендузите не се значително убедливи. Некои истражувачи откриле дека раните се предизвикани од траума или насилство поврзани со вендузите. Се смета дека вендузите, кои влечат корени од традиционалната кинеска медицина, работат врз основа на менување на мистичното енергетско поле кое не може да се мери со западните стандарди.