Home / Болести и лечење / Третина од луѓето боледуваат од оваа болест а не знаат – Еве ги симтомите

Третина од луѓето боледуваат од оваа болест а не знаат – Еве ги симтомите

Дијабетис тип 2 може да предизвика сериозни компликации. Проблеми со бубрезите, слепило како и зголемен ризик од срцев или мозочен удар. Најстрашно е тоа што 30% од дијабетичарите не се ни свесни дека го имаат, а состојбата бара што е можно побрзо да се стави под контрола.

bakterija-300x168Симптоми на кои треба да обратите внимание:

Зголемена жед и често мокрење. Како што вишокот на шеќер се вградува во кртва, така течностите се повлекуваат од ткивата. Поради тоа почесто чувствувате жед од обично. Како резултат на зголемената конзумација на течности поради жедта, почесто уринирате.

Зголемена глад. Без доволно инсулин за да се движи шеќерот во клетките, вашите мускули, како и органите остануваат без енергија. Тоа предизвикува интензивно чувство на глад.

Губење тежина. Иако јадете повеќе од обично за да ја задоволите гладта, можете да губите тежина. Без можноста да ја користите гликозата, телото ги користи алтернативните горива кои се наоѓаат во мускулите и маснотиите. Па така губите калории, додека вишокот на глукоза е испуштен преку урината.

Умор. Кога немате шеќер во клетките, станува уморни и нервозни.

Заматен вид. Доколку шеќерот во крвта е превисок, од очните клетки можат да се повлечат сите течности па тоа може да влијае негативно врз способноста да се фокусирате.

Рани кои споро зараснуваат и честите инфекции. Дијабетис тип 2 влијае врз способноста на телото само да се излекува и да им се спротистави на инфекциите.

Области со темна кожа. Некои луѓе со дијабетис тип 2 имаат темни дамки, најчесто под пазувите и вратот. Оваа состојба, наречена акантоза нигрикан, може да биде знак за инсулинскиот недостаток.

Како да си помогнете?

Единствената троша светлина во оваа тажна вест е дека постојат неколку начини да го спречите или да го одложите почетокот на дијабетис. Еве како:

1. Внесете секојдневна физичка активност. Вежбањето го подобрува делувањето на инсулинот, ја отстранува глукозата од крвотокот во ткивата, каде што може да се користи како енергија.

2. Одржување на здрава телесна тежина. Доколку имате прекумерена тежина, колку повеќе килограми ќе изгубите толку повеќе ги намалувате шансите дека ќе добиете дијабетис.

3. Козумирајте храна без рафинирани јаглехидрати, како на пример овошје, зеленчук, житарици и монозаситени масти (маслинов зејтин).

4. Грижете се за вашето здравје. Редовно мерете го крвниот притисок, холестеролот и триглицеридите и побарајте помош доколку ви е потребна.

One comment

  1. zdravo jas se vikam leonard sakam da znam dali ima lek za pocetiot seker ili pak diabet

Leave a Reply to petrovski leonard Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top