Home / аларм / Трчате со штикли – си го зголемувате ризикот од артритис

Трчате со штикли – си го зголемувате ризикот од артритис

Повеќето вработени жени се наоѓаат во ситуација да мораат некаде да брзаат, па дури и да потрчаат. Но, според резултатите на новата студија, дури и краткиот „спринт“ во високи потпетици ја зголемува можноста за појавa на артритис, кој предизвикува тешкотии на милиони луѓе во подоцнежните години од животот.

20_Tips_for_Running_in_High_Heels_xxxlargeДевет од 10 жени кои редовно носат чевли со високи потпетици се жалат на болка, замор, вкочанетост и болни деформации на коските. Но, и покрај тоа и понатаму носат високи потпетици.

Научниците ја мереле подвижноста на колковите и глуждовите на жените кои носат различни видови обувки – рамни чевли со пета од 1,5 см, кондури со ниски пети од 4,5 см и со високи потпетици од 7 см. Научниците откриле дека жените кои трчале во високи потпетици претрпеле низа оштетувања на колената и колковите, што би можело да доведе до долготрајни штети.

Се покажало дека повисоките потпетици носат и поголем ризик од исчашување. Долготрајните последици од редовното одење во високи потпетици вклучуваат и остеоартритис на зглобовите на колената, велат научниците.

Главниот ризичен фактор е поголемата сила насочена на колената на жените кои одат во високи потпетици.

Научниците откриле дека жените кои носат високи потпетици пет дена во неделата подолго од две години можат да ги ослабат мускулите на нозете и до 13 отсто.

Плус Инфо

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top