Home / нови лекови / Тест за откривање на сепса за 2 часа?

Тест за откривање на сепса за 2 часа?

Истражувањето на Кралскиот колеџ во Лондон најде начин како да се открие дали во организмот се создава сепса односно труење на крвта во рок од два часа затоа што честопати резултатите од тестовите за сепса се чекаат и по два дена, што понекогаш е премногу доцна.

sepsaНаучниците велат дека отровните крвни нарушувања во многу кратко време го уништуваат имунолошкиот систем. Само во Велика Британија починуваат околу 40.000 луѓе годишно од сепса. Во истражувањето објавено во списанието „Plos one“, истражувачите направиле биомаркер за рано и брзо откривање на сепса од класични примероци од крв , а акцијата е врз основа на препознавање на специфични нуклеотиди за појава на сепса кои ги блокираат сличните состојби кои можат да ги имитираат симптомите.

Малото истражување во една лондонска болница, и едно посеопфатно истражување во Шведска покажало дека во 86 проценти од случаите сепсата може да се открие во рок од два часа со користење на едноставни тестови на крвта. Главниот на истражувањето, професор Грејм Лорд изјавил дека во раната фаза од студијата било постигнато високо ниво на сигурност на тестот, но секако дека треба да се спроведе истражување и на поголем број примероци, па доколку резултатите бидат добри тоа ќе биде голем напредок во спасување на илјадници животи и престанок на конзумирање на непотребни антибиотици бидејќи болеста ќе се открива многу порано.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top