Пред да започнете, доколку сте маж, почетна возраст за вас е 86 години, а доколку сте жена за вас почетна возраст е 89 години.
Значи, почнувајте да го решавате тестот од 86 или 89 години.
Дали сте смирена личност која добро го поднесува стресот? Доколку одговорот е да, на возраста додајте пет години. За негативен одговор, одземете пет.
– Дали некој од членовите на вашето семејство го доживеал својот 95 роденден? За потврден одговор додајте 10 години, а за негативен останете на истата возраст.
– Дали вежбате пет пати неделно по најмалку половина час? Ако одговорот е потврден додајте пет години, а ако е негативен одземете пет.
– Го вежбате ли мозокот? Решавате ли крстозбори и загатки? Ако одговорот е да, додајте пет години, а доколку е негативен останете на истата возраст.
– Дали со исхрана успевате да одржите идеална и здрава тежина? За потврден одговор не додавајте ништо на моменталната бројка, а за негативен одземете пет години.
– Дали сте пушач? За потврден одговор одземете 15 години, а за негативен останете на истата возраст.
Добиената бројка е возраста која ќе ја доживеете доколку продолжите да живеете како и досега.
Доколку бројката е ниска, размислете дали треба нешто да промените во својот живот.