Home / алтернативна медицина / Тешко болните пациенти се мелем за надрилекарите – се богатат на сечија мака

Тешко болните пациенти се мелем за надрилекарите – се богатат на сечија мака

Продавачите на разни алтернативни лекови и шарлантски лекари, кои наводно го лечат ракот, заработуваат огормни пари на сметка на заболените од малигни заболувања. Како „чудесен“ лек против ракот на различни органи, низ огласите се рекламира се и сешто, од чаеви, капки, масла за масажа, парафин, до магнети, и сите можни видови на витамини и минерали.
Анкетите спроведени меѓу онколошките пациенти, укажуваат на тоа дека некои од овие производи, како последна сламка за спас, се фаќаат на две третини, од бројка на околу 120,000 заболени од рак.

lek2За алтернативната терапија се одвојува целоa богатсво, затоа што некои од овие препарати чинат колку што чинат и некои цитоксични лекови. Така за една минерална терапија заболените издвојуваат и до 350 евра „тинктурите“ за масажа чинат околу 80 евра, а кубанските „видатокс“ капки од Албанија, можат да се набават и во Албанија чинат 240 евра по шише.
За ниту еден од овие производи не постои доказ дека е лековит, а доколку и воопшто се тестирани, во најдобар случај контролирано е дека се микробиолошки исправни.
„Околу 70% од пациенти, покрај официјалната терапија, ја користат и алтернативната медицина. Овие препарати, покрај тоа што немаат никакво дејство на ракот, можат и да наштетат на здравјето“, вели Душан Јовановиќ од институт за онкологија.

Постојат голем број на пациенти кои се „лечат“ од рак по совети на шарлантски лекари, со таканаречени апсолутни диети, со кои не конзумираат ниту храна ниту вода, со што само си го загрозуваат здравјето. Шарлантското давање на лекарски совети е кривично дело и како такво треба да биде санкционирано. Не смее да се толерира ниту рекламирање, а камоли продажба на препарати кои наводно го лечат ракот.

lekОва се случува кога пациентите одбиваат да одат на хемотерапија и се надеваат дека алтернативната медицина ќе им помогне. Тие се насмеруваат кон природните лекови. Лекарите велат дека не треба да се осудуваат пациентите кои се насмеруваат кон алтернативната медицина, затоа што кога е во прашање тешка болест, важна е и надежта кај заболениот, дека и алтернативната медицина може да помогне. Проблем може да настане доколку пациентот не му соопшти на лекарот што зема од алтернативната терапија, затоа што таа во комбинација со официјалната терапија, може да предизвика непосакувани ефекти.
Ретко се случува да пациентите признаат сами дека земаат алтернативни средства, а повеќе од 50% од заболените од малигни болести користат и некоја друга терапија покрај класичната која ја пропишува лекарот.
За среќа досега бројките покажуваат дека кај повеќето од тие препарати, ефектите не се штетни. Меѓу нив има и такви кои делуваат тераписки, но не и како „чудотворни“ лекови за лечење, туку како што може да допринесат за адаптирање на хемотерапевтските агенси, одржување на телото, фитнес, зголемување на апетитот.

За разлика од огласите и интернетот, во аптеките покрај официјалните лекови, може да се пронајдат и лековити средства како што се имуностимулансите и витамините. Овие препарати можат да го олеснат лечењето со хемотерапија или радио-терапија, која најголемиот број на заболени тешко ја поднесуваат.
По закон може да се огласуваат исклучиво како препарати кои им помагаат на општата состојба на организмот, а никако како нешто што има ефект во терапијата на ракот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top