Home / аларм / СЗО предупредува – убиствена пластика во секој дом – опасна по здравјето

СЗО предупредува – убиствена пластика во секој дом – опасна по здравјето

Синтетичките хемиски супстанци кои се наоѓаат во секој дом, имаат сериозни импликации по човековото здравје и можат да предизвикаат рак на дојка, астма, неплодност и деформација на плодот, предупреди Светската Здравствена Организација

otrovni igracki1Во извештајот се истакнува дека ЕДЦ единиците, кои предизвикуваат пореметување на ендокринолошкиот систем, се користат за изработка на играчки, ПВЦ подовите па дури и кредитните картички и дека истите треба да се забранат за да се заштитат идните генерации.

Во студијата се истакнува дека потребни се понатамошни истражувања за во целост да се разбере врската меѓу единиците ЕДЦ, составниот дел на индустриските производи кои ги користиме дома и конкретните болести и пореметувања.

Откриено е дека контактот со тие единици предизвикува рак на тестисите, дојката и тироидната жлезда, влијае на развојот на нервниот систем кај децата и предизвикува хиперактивност со пореметување на вниманието кај малите.
Хемиските супстанци фталати, ја намалуваат плодноста кај жената и се доведуваат во врска со детските болести, вклучувајќи ја и леукемијата.

Под сомневање е и бистфенолот А, кој се наоѓа во предметите со кои секојдневно доаѓаме во допир, како на пример, лименките или наочарите за сонце. Тие вештачки соединенија ја пореметуваат природната работа на хормоните, кои имаат клучно значење за развојот на човечкиот организам и севкупното здравје на човекот.

otrovni igrackiСтудијата со наслов “најнови научни сознанија за хемикалиите кои предизвикуваат ендокринолошки пореметувања” направена е под раководство на ИОМС, Меѓуорганизациска програма за здрава контрола на хемикалиите. ИОМС, соработува со бројни агенции од Обединетите Нации и ова е досега сеопфатна студија за тој проблем.

-Различните системи на кои влијаат овие хемикалии, го опфаќаат хормонскиот систем и целиот систем воопшто, почнувајќи од оние кои го контролираат развојот и функционирањето на репродуктивните органи, па се до ткивата и органите кои го регулираат метаболизмот и ситоста.

Поради тоа супстанциите предизвикуваат дебелина, неплодност или намалување на плодноста, дефицит од внимание и пореметување во учењето, дијабетис и кардиоваскуларни болести кај возрасните и цела низа оболувања-се вели во извештајот.

Најновите истражувања покажуваат дека луѓето ширум светот се изложени на овие супстанци и опасностите кои тие ги предизвикуваат. Наша должност е да ги заштитиме идните генерации-истакна докторката Марија Неира, директорка на СЗО.

Минатата година слично предупредување издаде Европската агенција за животна средина, која соопшти дека ЕЦД во козметичките средства и лековите можат да бидат штетни за луѓето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top