Home / природен лек / Сусам – чудотворна намирница лек за разни болести

Сусам – чудотворна намирница лек за разни болести

За неговата лековитост знаеле старите Египќани, Асирците, Вавилонците, Индусите и Кинезите, а сусамот и до ден денес се користи против забоболка, ќелавост, првут…

susam-271x300Сусамот денес најмногу се одгледува во Кина, Индија и Судан, а неговото семе содржи меѓу 45 и 60 отсто квалитетно масло. Семките се исклучително нутриционистички богати. Семето на сусамот содржи најголема концентрација на фитостерол, состојка според хемиската структура како холестеролот. Фитостеролите имаат моќ, доколку се доволно присутни во исхраната, да го редуцираат нивото на холестерол во крвта, да го подобрат имунитетот и намалат ризикот од појава на некои типови на карцином.

Сусамовото масло претставува добра превенција против создавање на тромб, односно згрутчување на крвта, но и против долготраен запек. Се препорачува и за отстранување на цревни паразити, чистење на цревата, како и за лекување на хемороиди. Во народната медицина се користи и за санирање на повреди, акни, чиреви, изгореници.

Сусамот е исклучително богат со железо, па затоа е доволно да се внесе 50 грама од ова семе за да се задоволи дневната потреба на човекот со овој минерал. Освен железото, во големо количество е присутен и калциумот, манганот, бакарот, магнезиумот и селенот. Од витамините посебно место зазема витаминот Е, кој е силен антиоксиданс што ги штити клетките од стареење, појава на тумор и срцеви болести. Истовремено, одличен извор е и на тиамин Б1, пиридоксин Б6, ниацин, фолна киселина и рибофлавин. Сезаминот е уште една состојка, која е важна при заштита на црниот дроб од оксидативни оштетувања.

Истражувањата покажале дека сусамот е ефикасен и при воспаленија и болки кај ревматолошкиот артритис, како и при астматичните напади. Иако е тежок за чувствителен стомак, сусамот сепак повремено треба да се конзумира, бидејќи е совршен чистач на органите за варење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top