Free songs
Home / природен лек / Су­са­мо­во масло – еве за што е добро

Су­са­мо­во масло – еве за што е добро

Су­са­мо­во­то масло е врвно масло за готвење, а неговиот богат вкус го прави да биде ис­клу­чи­тел­на состојка во јапонската кујна.

susam masloПотекнува од стариот град Аизу, на не­кол­ку часа оддалечен од Токио. Тоа е едно од најчистите и најздрави масла за гот­ве­ње. Содржи линолеинска киселина – една од трите есенцијални масни киселини кои на­ши­от организам не може да ги произведе, а се од особено значење за него.

Есен­ци­јал­ни­те масни киселини се неопходни за нормално растење, за здрава крв, за ар­те­ри­и­те и за нервите. Есенцијалните масни киселини ја одржуваат влажноста на ко­жа­та и го спречуваат нејзиното сушење.Последните истражувања велат дека есен­ци­јал­ни­те масни киселини играат важна улога во регулирање на крвниот при­ти­сок и ја забрзуваат работата на метаболизмот.

Користење на маслото

Вку­сот и аромата на тостираното масло се особена карактеристика на ори­ен­тал­но­то готвење. Тостираното масло го спречува загорувањето на храната при пржење или динстување, а се користи во многу мали количини. Сусамовото масло може да се користи и како комбинација со други масла, и како додаток на зачини и на сосови.
Нај­ле­сен начин на користење на сусамовото масло е при готвење на зеленчуци во пок­ри­ен сад.
Ста­ве­те две-три парчиња ѓумбир и две-три лажички сусамово масло. Потоа до­да­де­те го зеленчукот, динстувајте го кратко време, па додадете малку вода. Покријте го тен­џе­ре­то, па варете го зеленчукот додека не омекне.
Про­дук­ти­те ќе ги задржат хранливите состојки, а сусамовото масло ќе дојде како елик­сир на вашиот организам.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top