Колку пати ви се случило да се обидете да се опуштите во текот на денот, но мозокот цело време ве враќа на обврските што ве чекаат? Може за 5 секунди да дознаете колку навистина сте под стрес и во каква состојба е вашиот ум и телото. За таа намена може да направите мал тест со оптички илузии.
Јапонскиот психијатар Акиоши Китаока направил тестирање со помош на слики од оптички илузии, а се што треба да направите е да гледате во центарот на сликата 5 секунди.
На почеток облиците на фотографијата брзо ќе се движат, а после неколку секунди ќе престанат, затоа треба да почекате 5 секунди.
Резултатите од тестирањето на стресот се вакви:
– Ако фигурите на сликата се движат брзо, количината на стрес е многу висока;
– Ако фигурите на сликата се движат бавно, количината на стрес е ниска и нормална;
– Ако формите на сликата речиси престануваат да се мрдаат, вашата количина на стрес е многу мала.