Home / Болести и лечење / Страв од излегување од дома и мислата „Ќе умрам“ – Паничен напад – како да препознаете

Страв од излегување од дома и мислата „Ќе умрам“ – Паничен напад – како да препознаете

Тахикардија, студена пот, страв од излегување од дома и мислата „Ќе умрам!“ се најкарактеристични за паничните напади. Многу често тие се појавуваат по смртта на близок човек во семејството. Луѓето со панични напади живеат со постојана мисла дека нешто лошо ќе им се случи, ќе паднат во некој супермаркет, ќе преживеат сообраќајна незгода или ќе загубат контрола во некое кафуле. Ова се причините поради кои најчесто тие да се затвораат дома, таму каде што се чувствуваат најсигурно и избегнуваат секакво излегување надвор, а со тоа го нарушуваат и социјалниот живот, пренесува Нова Македонија.

panicen napad2Провокативни фактори за првиот паничен напад може да бидат: задушлива просторија, премореност, премаленост, премногу испиено кафе или алкохол и прекумерна емотивна оптовареност. Формирањето на паничните реакции е условено од базичните убедувања на индивидуата и од биолошката предодреденост. Поради целата ситуација во која се наоѓаат, многу често кај луѓето со панични напади се појавува и депресијата.

ТРЕТМАН

Соодветната помош од психотерапевт и психијатар дава одлични резултати во надминувањето на овој проблем

Погрешното толкување на оваа појава единствено може да ја влоши ситуацијата. Затоа посетата на психотерапевт може комплетно да ја промени сликата за оваа состојба и постепено, чекор по чекор, да се учи како да се надмине проблемот.

panicen napadНајбитно во целиот процес е да се присутни и најблиските луѓе на индивидуата што страда од овие напади. Обично блиските луѓе го гледаат страдањето, но не знаат како да помогнат. Најдоброто што може да се направи е да им се објасни оваа ситуација и заедно со голема поддршка да се движат кон успехот.

Психотерапевтот ќе одреди неколку стапки по кои ќе се движи терапијата. Потоа заедно ќе се движат по овие стапки, со темпо што сам ќе го одреди клиентот. Обично овие стапки се мали, но многу значајни за успехот и за надминувањето на паничните напади.

Многу често се случува откако клиентот ќе стане свесен што си прави и што е вистинската причина за овие напади, тие да се редуцираат или целосно да исчезнат. Ова е долготраен процес и не постои волшебно апче што би ги спречило наеднаш овие напади. Лекарите за нив најчесто пропишуваат антидепресанти и бензодијазепини, кои ја намалуваат тревожноста. Но имајте предвид дека, сепак, по прекинот на овие медикаменти, многу често се случува паничните напади повторно да се појават. Затоа, паралелно со медикаментите, задолжителна е и психотерапијата, која дава долготрајни подобрувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top