Free songs
Home / алтернативна медицина / Стискајте тупаница за подобра меморија

Стискајте тупаница за подобра меморија

Помнењето може да се подобри со едноставно стискање тупаница, тврдат американски психолози, пренесува Би-Би-Си. Стисната десна дланка во тупаница на 90 секунди помага во формирање меморија, а истото движење со левата дланка помага во нејзиното повикување, соопштија научниците од Универзитетот Монтклер во Њу Џерси.

raka tupanicaИспитувањето е спроведено врз 50 возрасни лица кои многу подобро ги помнеле зборовите од долгиот список на поими кога притоа ја стискале дланката во тупаница.

Научникот Рут Пропер вели дека стискањето на дланката активира посебни регии во мозокот, кои се поврзани со процесуирање на помнењето.

Претходно направените истражувања покажале дека стискањето на дланката ја активира левата регија на мозокот, а левата дланка десната регија. Во процесот на помнење се користат двете мозочни регии, левата за складирање на информации, а десната за нејзино активирање.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top
trusted online casino malaysia minyak dagu mega888 pussy888 xe88 apk joker123 super 8 ways ultimate casino malaysia live22 mega888 免费电影 casino malaysia 918kiss