Home / Болести и лечење / Срцето дава знаци навреме – Ова се помали симптоми дека следи срцев удар

Срцето дава знаци навреме – Ова се помали симптоми дека следи срцев удар

Третина од заболените со срцеви болести воопшто не ја чувствуваат болката во градите и го одложуваат одењето во болница несвесни за другите симптоми.

srcev-udarНекои срцеви удари се ненадејни и силни, но други почнуваат полека со блага болка и непријатност. Честопати луѓето не се сигурни што не е во ред па чекаат и не бараат соодветна медицинска помош на време. Важна е секоја минута! Брзата акција може да ви го спаси животот. Затоа не чекајте подолго од 5 минути пред да се јавите на лекар доколку ги имате следниве симптоми:

Непријатност во градите
Повеќето срцеви удари вклучуваат непријатност во градите, која трае подолго од неколку минути или се појавува во повеќе наврати. Погодените чувствуваат голем притисок и болка.

Непријатност во горниот дел од телото
Симптомите можат да вклучуваат болка и непријатност во едната или во двете раце, во грбот, вратот, вилицата и стомакот. Болките во грбот и вилицата се почести кај жените.

Задишаност
Може да се јави сама, или заедно со горенаведените симптоми со непријатност во градите. Овој симптом е почест кај жените.

Препотување
Појава на ладна пот.

Гадење и вртоглавици
Жените често имаат неспецифични симптоми кои се проследени и со необјаснив замор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top