Home / аларм / Спречување на кивањето може да предизвика мозочен удар

Спречување на кивањето може да предизвика мозочен удар

Додека киваме, воздухот низ нашите ноздри лета со брзина до 160 километри на час, а ако го стопираме кивањето, целиот притисок се сели во некој друг дел од телото кој може да настрада.

kivanje nastinka gripНачинот на кивање се разликува дома или на работен состанок, односно тоа може да биде опуштено или воздржано. Можеби изгледа попристојно да се стопира кивањето во јавност, но тоа никако не е добро за здравјето. Додека киваме, воздухот низ нашите ноздри лета со брзина до 160 километри на час.

Со запирање или ограничување на кивањето, целиот притисок се сели во некој друг дел од телото, на пример во ушите каде што може да доведе до оштетување, на пример, до пукање на ушните тапанчиња. Може да предизвика губење на слухот и вртоглавица која нема брзо да престане, пишува „How Stuff Works“.

Можат да настрадаат и крвните садови во очите, односно да се распукнат поради притисокот, а може да се случи да се оштети и дијафрагмата. Посилен налет на кивање, па негово запирање, е потенцијален ризик за повреда на вратот, како и свежи рани кај луѓе кои неодамна ги оперирале синусите. Во најлош случај доаѓа до пукање на крвните садови во мозокот и мозочен удар, што може да има фатални последици.

Затоа, ако ви дојде да кивнете во јавност, не срамете се бидејќи цената која можете да ја платите не вреди за тоа. Наместо воздржување, ставете марамче на носот и кивнете „како човек“. Ако не стигнете да го извадите марамчето, носот и устата прекријте ги со подлактицата или левата дланка – така ќе можете да се ракувате ако тоа подоцна е потребно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top