Сите оние кои се плашат од тестирање на крвта заради стравот од игли, во иднина нема да доживуваат кошмар кога ќе треба да го сторат тоа затоа што научниците измислија минијатурен гаџет кој се носи под кожата и дава инстант резултати и тоа преку мобилен телефон.
Швајцарскиот тим кој работеше на создавањето на гаџетот кој има должина од само 14 милиметри, тврди дека преку него симултано можат да се проверат пет различни супстанци во крвта, а резултатите се доставуваат преку Bluetooth. Производот се очекува да биде достапен на пазарот во период од четири години.
Овој гаџет се вметнува во ткивото веднаш под кожата на стомакот, нозете или рацете и може да остане со месеци.
Ова не е прв пат истражувачи да работат на некој ваков пронајдок, но според создавачите на овој гаџет, тој се разликува од останатите по тоа што може истовремено да анализира различни супстанци.