Home / аларм / Соновите укажуваат на болестите кои што ни се закануваат

Соновите укажуваат на болестите кои што ни се закануваат

Човечката потсвест почнува да ги анализира активно информациите за време на спиењето, особено сигналите на внатрешните органи. Дијагностиката на разни заболувања во зависност од содржината на соништата за првпат научно е оправдана од страна на  докторот на медицински науки Василиј Касаткин, кој во текот на 30 години ги проучувал соништата на болните и здравите луѓе.

sonovi-650x325Соновите на здравите луѓе обично се благи и ненаметливи, но ноќните кошмари се едни од првите знаци за растечка болест. Во заплетот на соништата може да се утврди не само  болеста, туку  и да се воспостави нејзината локализација.

Тој  ги издвои главните значења.

Анализата ја направил на 27 300 соништа при 1410 пациенти, а истата му помогнала да се дојде до заклучокот заклучок дека мозокот на заспаниот човек го предупредува за идните болести, чии први симптоми може да се појават по неколку недели, месеци или дури години.

Хроничниот гастритис, на пример, може да биде предвиден, анализирајќи  ги соништата околу еден месец пред појавата на симптомите.

Проблемите со дишните органи (туберкулоза, астма, бронхитис) – 2 месеци, хипертензијата – 2-3 месеци, хроничниот алкохолизам – 4-6 месеци, неврозата – од недела до месец.

 Кои соништа се јавуваат при различни болести?

spieЛуѓето кои страдаат од проблеми со срцето често се жалат дека сонуваат страшни соништа во кои паѓаат во провалија. Практично, речиси секогаш на човек му се причинува  дека е на границата на смртта. Може да се случи во сон да се види погреб – својот или на друг човек.

Кај висок крвен притисок се сонува полетување на авиони, природни непогоди (земјотреси, урагани, поплави), уривање на куќа, паѓање во голема дупка.

Кога има бронхијална астма на човекот му појавуваат на сон, бомби, лавина или нешто што го спречува да дише. (тој честопати се наоѓа на брод или на друга планета каде што нема кислород).

Болестите на гастроинтестиналниот тракт се карактеризираат со соништа поврзани со расипано сурово месо, риба, отровни плодови и зеленчук, конзумирање на нејадливи  и непријатни на вкус јадења, паѓање на заби.

20130222-shto-e-paraliza-vo-spienjeto-1-300x225Кај болестите на црниот дроб често се појавуваат на сон тепачки, ранување со нож, крв, се чувствува горчлив вкус во устата.

При настинка човекот може да сонува дека гори во оган, се поти во сауна, се капе  во студена  вода, носи тесна, непријатна облека, пие многу течности, но не може да ја задоволи својата жед.

При депресија се сонува  непроодна темна шума, висок ѕид, ќор-сокак.

При главоболки човекот често сонува дека главата му е повредена или носи неудобни додатоци за глава.

365.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top