Free songs
Home / сведоштва / Симптоми дека жената носи близнаци

Симптоми дека жената носи близнаци

Има неколку симптоми кои укажуваат дека жена носи близнаци:

Многу позитивен резултат на тест за утврдување бременост

twins-in-the-womb-300x294Тестот за бременост го мери нивото на хормонот ХЦГ (human chorionic gonadotropin), а се верува дека жената која носи близнаци има зголемено ниво на овој хормон и затоа резултатот на тестот е видлив.

Брзо добивање на килограми

И покрај брзиот раст на матката и зголеменото количество плодова вода, мајката со близнаци во поголем број случаи побрзо добива на килограми.

Многу изразени утрински мачнини или умор

Кај многу мајки кои очекуваат близнаци утринските мачнини и уморот се многу повеќе изразени, но тоа зависи од случај до случај. Меѓутоа, воглавно мајките кои очекуваат близнаци се жалат на невообичаениот силен изразен умор и губење енергија. Исто така, во некои случаи во текот на бременост со близнаци поизразено е чукањето на срцето и појавата на несоница.

Порано се чувствуваат движењата на бебето

Жената која очекува близнаци порано ќе го почувствува движење на бебето во стомакот. Меѓутоа, ова треба да се земе предвид како условен факт затоа што жените кои првпат се бремени можеби нема да знаат да одредат дека токму тоа е она што почувствувале движењето на бебето.

Многу високо ниво на алфафетопротеин

Високите резултати на алфафетопротеинот (АФП) тестот укажуваат или на абномарлност кај едно бебе или постоењето на две или повеќе бебиња. После овој тест лекарот закажува преглед со ултразвук или дополнителни тестови.

Ултразвук

На крајот, без оглед на сите знаци, сепак ултразвукот е најсигурна потврда дека жената носи близнаци. На монитарот лекарот лесно ќе утврди дали се работи за два фетуса или две отчукувања на срцето.

Denesen.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top